Спорт
Верстапен победи во Јапонија и ја освои својата втора последователна титула во F1
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен денеска ја освои својата втора последователна титула во шампионатот во Formula 1, откако победи на трката за Големата награда на Јапонија.
Холанѓанецот ја освои 32-та победа во кариерата во Јапонија и 12-та во сезоната, но по трката настана конфузија околу тоа дали има доволно бодови за титулата.
Max Verstappen, you are a DOUBLE WORLD CHAMPION 👑👑 pic.twitter.com/mViZ5woEit
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) October 9, 2022
Трката во Јапонија беше прекината во третиот круг, откако возачот на Ферари, Карлос Саинц излета, а поради дождот рестартот беше одложен до 9:15 часот.
Според прописите, трката требаше да се заврши за три часа (10.00 ч.), а на возачите ќе им се доделуваат помал број бодови.
Сепак, беше одлучено на возачите да им се доделат целосни поени, па втората титула официјално ја освои Верстапен.
Втор заврши неговиот тимски колега Серхио Перез, кој дојде на таа позиција по казната од пет секунди за возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој го освои третото место.
Естебан Окон од Алпино ја заврши трката четврти, а петтото место му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес.
VERSTAPPEN DOMINATES IN THE RAIN AT SUZUKA!
The Dutchman puts on a show out front for his 12th win of the season as an intense battle for 2nd rages behind him.
He does NOT clinch the World Championship today as Leclerc and Perez complete the podium.#Formula1 | #JapaneseGP pic.twitter.com/lP6tbprZ3V
— TSN (@TSN_Sports) October 9, 2022
Бодови освоија и Себастијан Фетел (Астон Мартин), Фернандо Алонсо (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Николас Латифи (Вилијамс) и Ландо Норис (Мекларен).
На четири трки пред крајот (има и спринтерска трка во Бразил), води Верстапен со недостижни 366 бодови, втор е Перес со 253, а трет Леклер со бод помалку.
Следната трка се вози на 23 октомври за Големата награда на САД во Остин.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Хроника2 денаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево20 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Македонија2 дена16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Хроника19 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Македонија2 денаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
