Магазин
Вештачката интелигенција ја загрозува безбедноста на децата на Интернет

Експертите за сајбер безбедност посочуваат дека употребата на вештачка интелигенција може да ја загрози безбедноста на децата на Интернет.
Според истражувањето на Обединетите нации, околу 80 отсто од младите тврдат дека користат вештачка интелигенција (AI) неколку пати на ден, а експертите за сајбер безбедност посочуваат дека користењето вештачка интелигенција може да ја загрози безбедноста на децата на Интернет.
Еден од начините за загрозување на безбедноста се многубројните апликации кои се појавија со развојот на вештачката интелигенција, вклучително и апликации со навидум безопасни функции, како што се филтри за слики, бидејќи кога децата поставуваат фотографии на такви апликации, не можат да бидат сигурни во која база на податоци се нивните фотографии и дали некој ќе ги злоупотреби.
Покрај тоа, некои апликации за вештачка интелигенција, особено чет-ботови, овозможуваат лесен пристап до содржина што е несоодветна за деца, рече Касперски, додавајќи дека на пример, има многу чет-ботови со вештачка интелигенција кои се специјално дизајнирани да користат еротска содржина, а децата дури и кога е потребна проверка на возраста може да ја скрие вистинската возраст.
Ризик е и играњето видео игри на паметни уреди, што според статистиката на интернет го практикуваат дури 91 отсто од децата на возраст од три до 15 години.
Гласовниот и текстуален разговор со други играчи е составен дел на некои игри и на овој начин сајбер-криминалците градат виртуелна доверба кај играчите, ги мамат со подароци и потоа лесно ги добиваат нивните лични податоци.
Како потенцијална закана го наведуваат развојот на FinTech индустријата за деца и посочуваат дека се очекува зголемување на заканите од употребата на паметни домашни уреди.
Со цел да се избегне или намали ризикот, на родителите им се препорачува редовно да се информираат за најновите закани, активно да ги следат активностите на своите деца на интернет, да комуницираат со нив, како и да користат дигитални алатки и литература кои можат да им помогнат во тоа.
/B92
Хороскоп
Хороскоп за вторник (20 мај)

ОВЕН
Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе го остварите. Можни се некои несогласувања со партнерот поради различните погледи и ставови. Можна е главоболка.
БИК
Свртете се кон нови деловни проекти и не се потпирајте премногу на старите. Доаѓа време за промени. Минатото кое го оставивте зад себе не е лесно но, научивте многу од него. Избегнувајте пороци.
БЛИЗНАЦИ
Финансиската ситуација не ви е сосема стабилна, а помислата на тоа многу ве фрустрира. Не сте подготвени за поголеми и посериозни потези на љубовно поле иако партнерот го очекува тоа од вас. Водете сметка за крвотокот.
РАК
Ве очекува можност за добра работа. Може да се надевате на среќни околности на ова поле. Доколку ви се допаѓа личност која сте ја запознале неодамна, нема да ви биде тешко да го најдете патот до нејзиното срце. Зголемен холестерол.
ЛАВ
Денешниот ден не е поволен за вас, можни се нови грижи и проблеми на работното место. Личноста која ви се допаѓа на некој начин почнува да се оддалечува од вас и тој нејзин пристап може да ве олади. Пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Пред вас е период на прилагодување на новите деловни околности и промените кои настапиле. Доколку сте во брак со саканата личност имате проблеми и заладени односи. Кризата може да потрае. Склони сте кон алергии.
ВАГА
Донесовте нова одлука поврзана со работата и нема да дозволите било кој да влијае врз промената на вашето мислење. Ви се допаѓа личност која сѐ уште не покажува дека има симпатии кон вас или емоции. Можни се болки во стомакот.
ШКОРПИЈА
Во наредниот период ќе започне важната фаза на разрешување на деловните одлуки и случувања. Ако сте во брак, имате одличен однос со саканата личност и чувствувате дека на некој начин сѐ е на свое место. Полни сте со енергија!
СТРЕЛЕЦ
Нови проблеми доаѓаат, а ни старите не сте ги решиле целосно. Можеби се чувствувате оптеретено на работно поле. Личноста која ви се допаѓа ќе го направи првиот чекор кон вас. Помали проблеми со срцето.
ЈАРЕЦ
Деловниот партнер може да ви направи некои проблеми со лоши намери или со неговите непромислени постапки. Интересен ден е пред вас. Некое ново познанство особено ќе ви го промени животот. Проблеми со кожата.
ВОДОЛИЈА
Доколку се занимавате со приватен бизнис ќе успеете да ги остварите плановите кои ги имате. Сакате да разговарате со саканата личност во кој правец оди вашиот однос. Помали проблеми со варењето и стомакот.
РИБИ
Среќата е на ваша страна и работата конечно се подобрува. Може да очекувате позитивни случувања на ова поле. Сакате односот со саканата личност да напредува. Предложете и брак. Немате проблем со здравјето.
Храна
Следните 6 витамини се најзастапени во магдоносот, истиот може да помогне при висок крвен притисок

Магдоносот спаѓа во зачински билки кои најчесто се користат при готвење, а покрај својата арома обезбедуваат бројни хранливи материи и корисни здравствени својства.
Само 30 грама свежо исецкан магдонос подмирува 108% од дневната потреба на организмот за витаминот А и 53% за витаминот Ц, а дури 547% за витаминот К (луѓето кои пијат лекови против коагулација треба да бидат свесни за количината на овој витамин во магдоносот, бидејќи витаминот К може да ја намали ефикасноста на антикоагулансите). Освен овие три витамини, магдоносот претставува добар извор на фолна киселина, железо и калиум.
Кога станува збор за поволните здравствени својства, магдоносот може да помогне при висок крвен притисок, алергии и воспалителни болести. Поволно влијае и на здравјето на очите поради високата содржина на бета каротен, зеаксантин и лутеин, додека благодарение на витаминот К помага да се одржува минералната коскена густина и да се спречат фрактури на коските.
/denar.mk
Lifestyle
Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика

Рчењето е чест проблем кој не само што го нарушува сонот, туку може да биде и знак за длабоки нарушувања на дишните патишта. Будењето со сува уста и чувство на замор може да бидат првите индикатори дека нешто го попречува нормалното дишење за време на спиењето.
Што ја предизвикува иритацијата на грлото?
Една од навиките која сѐ повеќе се поврзува со рчењето е користењето електронски цигари (вејпирање) или пушењето тутун. И двата вида инхалација можат да доведат до иритација на дишните патишта, оток и акумулација на слуз, што го попречува протокот на воздух. Овие промени може да предизвикаат вибрации на меките ткива во грлото и носот, што резултира со појава на рчење.
Некои состојки во електронските цигари, како пропилен гликолот, ја сушат слузницата на грлото, што дополнително ја зголемува веројатноста за иритација. Никотинот, исто така, може да ги опушти мускулите во грлото, што води до делумно затворање на дишните патишта за време на спиењето.
Како настанува рчењето?
Рчењето се јавува кога воздухот тече низ стеснети дишни патишта, предизвикувајќи вибрации на мекото ткиво. Ова може да биде резултат на блокирани синуси, лоша положба на телото, стеснување на грлото или други анатомски и надворешни фактори.
-
Тивко рчење често е поврзано со затнати носни патишта.
-
Гласно и длабоко рчење укажува на блокада во задниот дел на грлото.
Што можете да направите?
Ако се соочувате со проблеми при спиење или рчите редовно, размислете за промени во секојдневните навики. Еве неколку практични совети:
-
Избегнувајте пушење и вejпирање, особено пред спиење.
-
Намалете го внесот на алкохол во вечерните часови.
-
Обидете се да спиете на страна наместо на грб.
-
Користете соодветна перница за правилна положба на главата и вратот.
-
Одржувајте здрава телесна тежина и редовна физичка активност.
Промените во стилот на живот може значително да го подобрат квалитетот на сонот, да го намалат рчењето и да придонесат за подобро здравје на долг рок.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (19 мај)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за вторник (20 мај)
-
Македонија1 ден
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата
-
Македонија1 ден
МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч
-
Македонија1 ден
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар
-
Здравје и убавина2 дена
Положбата на спиењето кај луѓето е многу важна за здравјето и метаболизмот
-
Скопје1 ден
Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер
-
Lifestyle1 ден
Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика