Македонија
(ВИДЕО) Еве како беше ланската хуманитарна акција „Пакетчиња за сите Дечиња“, одиме појако оваа година!
Добро утро, во прилог документарниот филм од ланската година за хуманитарно-забавниот проект Пакетчиња За Сите Дечиња!
Во акцијата лани се вклучија активисти од десетина градови ширум државата а во истата беа поделени околу 6500 или поточно 6446 запишани на нашиот список.
Интересно е да се каже дека и првата и втората година се собраа околу 2000 пакетчиња без големиот Фоундрејзер на инфлуенсерот, нашиот пријател и голем поддржувач ДаркоВлогс од кој додадовме над 4500 🎁 со шо едноставно ПОДАРИВМЕ секаде до каде шо ни побараа!
ОВАА година од 800-1200 ни се резервирани ОНАМУ кај шо е најбитно и најпотребно…… 🥰
И од наша страна апелираме да се приклучите и да донирате, зошто ова нешто го немат на друго место!
ПАКЕТЧИЊА ЗА СИТЕ ДЕЧИЊА !!
П.С За ГОДИНАВА Конечно ќе се стартува со делење на поголема количина на 🎁 уште оваа недела и пак ќе се подаруваат насекаде.
Едино различно годинава ќе е шо ќе имаме 2 ГОЛЕМИ настани место 1 а ИЗНЕНАДУВАЊАТА допрва следет, за нашиот медиум збори еден од организаторите Wik Kakarotski, а ние сме секако тука да помогнеме, затоа помогни и ти!
Видеото што зборевме: 👇
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево23 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин20 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили24 часа
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?