Македонија
(ВИДЕО+ФОТО) Пресечен меѓународен транспорт на дрога вредна околу 500.000 евра, приведени три лица
На 30.03.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходна меѓународна меѓуинституционална размена на информации, а во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Специјална антитерористичка единица „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Штип и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пресекоа меѓународен транспорт на марихуана во количина од околу 150 килограми, од Република Косово преку територијата на Македонија, со крајна дестинација – Република Турција.
Имено, во попладневните часови на 30.03.2022 на паркинг пред угостителски објект во Штип е забележано паркирано патничко возило „ауди А6“, со кумановски регистарски ознаки, а до возилото биле пријавените И.Д.(50), К.К.(39), двајцата од Подујево, Р.Косово и Б.Р.(34) од Куманово. И.Д. и К.К. се обиделе да избегаат, но биле фатени и сите тројца се лишени од слобода, соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
При извршен преглед на патничкото возило, биле пронајдени вкупно 92 полиетиленски пакувања со марихуана, спакувани дел во патни торби, дел во багажниот простор од возилото во делот за резервната гума и на задните седишта од возилото, а кај приведените лица се пронајдени и повеќе мобилни телефони, СИМ картички од мобилни оператори од Р.Косово и Р.С.Македонија и пари, кои се предадени на вештачење.
Денеска (31.03.2022) од страна на СВР Штип до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против 4 лица (3 косовски и 1 наш државјанин), од кои тројцата се веќе приведени, а за едно лице, кое со товарно возило требало да ја преземе дрогата од Штип и да ја пренесе до Република Турција се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Македонија
Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О. (20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, известува МВР за јавноста.
Македонија
Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја извојува најважната битка за здравствена состојба.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Сега сме најважни за нашиот другар кој често доаѓаше и има своја фамилија во Кичево.
Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на Ивица во неговата борба за живот.
Донации може да се уплатат на:
Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653 на име „Ivica Poposki“
Девизна сметка 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком: 143107
Број за донација А1: 143474
Извор: охриѓани (facebook)
Македонија
Пријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.
Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, известуваат од МВР.
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (14 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Lifestyle2 денаКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
-
Балкан1 денАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Lifestyle2 денаКако да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова
-
Занимливости2 денаМрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
-
Магазин2 денаPinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација
-
Хороскоп2 часаХороскоп за сабота (15 ноември)



