Следете не

Македонија

(ВИДЕО+ФОТО) Сите почести за спасувачкиот тим од „САЕ Тигар“ и „Хеликоптерската единица“ на МВР кои спасија повреден планинар на „Осоговските планини“

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Денеска (07.10.2023)  околу 17 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини, откако во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.

Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош.

Македонија

Денес е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација

Објавено пред

на

Денеска е празник, 23 октомври, Ден на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО).

Токму на 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик, со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји.

Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење.

Овој ден, Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Нека е честит и вековит празникот на Македонската Револуционерна Организација.

/petrovec

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска пониска цена на горивата во Македонија

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

17 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Објавено пред

на

printscreen/video

Цели 17 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.

Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.

Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загина на денешен ден 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.

Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Гејминг10 часа

Нови попусти на Steam! Некои опасни наслови моментално се во продажба

Ако сте љубител на видео игри за компјутер, сега е време да ги проверите најновите зделки на Steam! Неколку интересни...

Автомобили11 часа

Големи промени за возачите: Екраните влегуваат во историјата?

Mobis и Zeiss објавија дека развиваат систем за вградување во нови возила веќе во 2027 година, а демонстрациите на прототиповите...

Магазин11 часа

Meta воведува технологија за препознавање лица во борба против измама

Meta претстави решение за сè почестите проблеми со измами и кражби на сметки на познати личности на своите социјални платформи....

Магазин11 часа

Samsung го подготвува Galaxy S25 Ultra во четири бои

Samsung традиционално ја претставува својата нова серија телефони Galaxy на почетокот на годината, па не е чудно што се појавуваат...

Магазин11 часа

Sony прославува 30 години PS1! Специјално издание на PS5 распродадено за помалку од 24 часа! Еве како изгледа (видео)

Sony слави 30 години од објавувањето на оригиналната PlayStation конзола со специјална, ограничена колекција на PlayStation 5 конзоли и додатоци....

Автомобили11 часа

BMW: Забраната за возила на бензин и дизел во ЕУ не е реална

Планот на Европа да ја забрани продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година ќе доведе до...

Автомобили11 часа

BYD повлекува речиси 100.000 електрични возила

BYD повлекува речиси 100.000 електрични возила (ЕВ) во еден од своите ретки потези за повлекување. Производителот на нови енергетски возила...

Временска прогноза13 часа

До крајот на месецот стабилно време, но со ниски утрински температури и магла по котлините

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), како и на стабилна и сува воздушна маса, до самиот крај од овој...

Македонија14 часа

Денес е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација

Денеска е празник, 23 октомври, Ден на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО). Токму на 23 октомври 1893...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за среда (23 октомври)

ОВЕН Колку и да се согласува човек денес со вас и идеите што ги имате, подеднакво ќе изрази незадоволство, ќе...

НАЈЧИТАНИ