Македонија
(ВИДЕО+ФОТО) „Слави со срце, не со оружје“ – кампања на МВР и УНДП против пукањето на веселби
Оружјето и пиротехничките средства не се добредојдени „гости“ на прославите- е главната порака на кампањата „Слави со срце, не со оружје“, која во изминатиот период ја спроведе Министерството за внатрешни работи во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во рамки на активноста, полициски службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи во државата, разговараа со граѓаните и им поделија едукативен печатен материјал во кој се потенцирани последиците од употребата на оружје на семејни веселби.
„Покрај репресивните мерки кои ги преземаме, се разбира, работиме и превентивно за заеднички да ја елиминираме оваа несакана појава која за жал е присутна со години, не само во нашата држава туку и во опкружувањето. Нашите одделенија за превенција секојдневно организираа активности на територијата на целата држава, на кои ги информиравме граѓаните за законските одредби што го санкционираат таквото однесување и казните кои се изрекуваат, а особено внимание беше посветено за опасностите од употребата на оружјето по здравјето и животот. Покрај непосредните разговори и укажувања, на граѓаните им поделивме и едукативен печатен материјал со цел да влијаеме на нивната свест“, вели Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи.

– Употребата на огнено оружје се санкционира по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години. Во рамки на кампањата на граѓаните им беше укажано дека славеничкото пукање може да биде фатално и да заврши со смртни случаи, повреди, оштетувања на имотот и други последици. „Традиционално, оружјето се користи за славеничко пукање. Сигурна сум дека никој намерно не сака најсреќниот ден на едно семејство да го претвори во голема трагедија за друго, но тоа всушност може да се случи, и се случувало. Оттука, навистина е многу важно сите ние, не само да го кренеме гласот против славеничкото пукање, туку и да преземеме акција. Да преземеме одговорност и да покажеме дека најдобриот начин да се слави е со пеење и со играње, а не со пукање“, рече Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП.
Превентивната кампањата „Слави со срце, не со оружје“ се спроведе како дел од оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2022“, а беше поддржана од УНДП во рамки на проектот „Прекуграничен интегриран институционален пристап во борбата со нелегална трговија со оружје и мало и лесно оружје“.
Македонија
На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари за Јован повторно да му се насмевне на видот. Му недостасуваат помалку од 4,000 евра за операција на окото, истата чини 5,500 евра.
Да го откажеме нашето кафе и да направиме добро дело, телефони во рака и дадете свој хуман придонес!
T-Mobile: 143-105
A1: 143-471
Мал гест за нас, огромна шанса за него да го види светот повторно.
Ајде сите по една порака!
Ајде за Јован!
Ајде да покажеме дека не забораваме!
Доколку некој не е во можност да донира 100 денари, нека ја сподели оваа објава
Македонија
Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево12 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево15 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза13 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија1 денЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Хороскоп57 минутиХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија10 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија1 денПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
