Македонија
(ВИДЕО+ФОТО) Во водите на Охридското Езеро пронајдени и одземени рибарски мрежи во должина од 1.000 метри
Во периодот од 10.02. до 13.02.2022 припадници на Единицата за брзо распоредување од Одделот за специјални полициски операции преземаа мерки на засилено набљудување и оперативен надзор на поширокиот реон на подрачјето на СВР Охрид.
Во рамки на активностите беше извршено патролирање во водите на Охридско Езеро и пребарување на терен со цел заштита на рибниот фонд во езерото, пронаоѓање на лица кои илегално ја минуваат државната граница, како и лица сторители на други кривични дела.
Како резултат на преземените мерки и активности од водите на езерото се пронајдени и извадени 8 рибарски мрежи, со различни димензии, со вкупна должина околу 1000 метри. Пронајдените и одземените мрежи се предадени на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро.
Извор: МВР
Македонија
ЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во близина на Бигорскиот манастир, со што значително се подобри безбедноста и комфорот на сите учесници во сообраќајот. Овој проект има за цел да обезбеди стабилност на патната инфраструктура и да овозможи непречен проток на возила на една од најфреквентните туристички локации во регионот.
Покрај санацијата на потпорниот ѕид, изграден е и нов паркинг простор наменет за патниците намерници и туристите кои го посетуваат ова значајно македонско светилиште. Со тоа се решава долгогодишниот проблем со паркирањето и се подобрува пристапот на посетителите до манастирот.
Градежните активности започнаа минатата година и опфатија низа комплексни зафати:
✔️расчистување на трасата од грмушки и дрвја,
✔️машински ископ и изработка на насип,
✔️поставување тампонски слој од дробен камен,
✔️поставување нови рабници и метална пешачка ограда за мост,
✔️асфалтирање на коловозната површина,
обележување со патарска рефлектирачка боја за зголемена видливост и безбедност.
Вкупната вредност на проектот изнесува 569.591 евра, што претставува значајна инвестиција во подобрување на патната инфраструктура и туристичката понуда во регионот. Изведувач на работите беше ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ увоз-извоз, Скопје, а надзорот го вршеше ГЕИНГ ДОО Скопје.
Со реализацијата на овој проект, се создаваат услови за безбеден и непречен сообраќај, а истовремено се поттикнува развојот на туризмот и зачувувањето на културното наследство на Македонија, на фејсбук истакна ЈП за Државни патишта
Македонија
Повторно паѓа цената на дизелот, бензините остануваат со иста цена за источен литар на бензинските станици ширум Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Извор: РКЕ
Македонија
Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(44) од Тетово.
При контролата во возилото биле забележани лица кои при легитимирање немале никакви документи за идентификација. Во разговор со возачот, тој посочил дека требало да ги превезе лицата од Гевгелија до Куманово.

Во возилото се превезувале седум лица, сите по нивен исказ државјани на Египет, на возраст од 17 до 52 години.
Возачот и мигрантите се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
-
Кичево2 дена(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево19 часаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп1 денМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Здравје и убавина1 денШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево11 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Хороскоп6 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина1 денПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Македонија2 денаКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
