Кичево
(ВИДЕО) Гори автобус на „Пресека“ правец Кичево-Охрид

На магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на с.Извор кичевско предмалку од загрижени случајни минувачи пристигна видео запис каде гори автобус..
За сега нема никаква информација за повредени и причина за нештото, исто така нема информација од која компанија е превозникот.
На терен се забележуваат екипи на ТППЕ, кои веќе интервенираат.
Повеќе инфо прочитајте ТУКА
ВИДЕО: С.Н.
Кичево
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо

На 04.06.2023 во периодот од 15 до 21 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале и санкционирале 63 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-11, Струга-16, Кичево-33, Дебар-03).
Дополнително, од сообраќај се исклучени 16 возачи кај кои е утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-12).
Во наредниот период и во пресрет на летната туристичка сезона, сообраќајните контроли на магистралните и регионалните патишта на подрачјето на СВР Охрид ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Вчера се запалила Барака во близина на кичевската гимназија, повредени нема, ТППЕ веднаш итервенирала

На 02.06.2023 година во 11:50 часот, во барака лоцирана на улицата „Рудничка“ во Кичево, што привремено ја користела В. Л.(46) од Кичево, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, за Порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Рурална Коалиција во Кичево го одржа завршниот настан каде го презентираше сработеното за унапредување на родовата еднаквост

Рурална Коалиција го одржа завршниот настан во рамките на проектот „Со европско знаење до подобрена родова еднаквост во локалната заедница“ каде што беа презентирани резултатите од 15-месечната работа на процесите за унапредување на родовата еднаквост во локалната заедница во вкупно 6 пилот општини: Кичево, Пласница, Гостивар, Врапчиште, Прилеп и Кривогаштани.
Низ проектните активности имавме можност од блиску да се запознаеме со работата на Комисиите за еднакви можности, но и да утврдиме колку блиску или колку далеку се општините од ЕУ интеграциските процеси кога говориме за родовата еднаквост и нејзиното практикување во локалната заедница. Изработивме родова анализа на шесте општини вклучени во проектот, направивме родови карти, како и 6 мониторинг извештаи за работата на општините и Комисиите за еднакви можности од кои што може да се заклучи дека:
- Oпштините се уште недоволно сериозно ја сфаќаат и работат на темата на родова еднаквост;
- Буџетот е речиси 0 или пак сосема минимални средства за реализација на активности поврзани со практикувањето на родовата еднаквост и рамноправност во заедницата;
- Жените ги нема во процесите на донесување на одлуки во месните заедници, ретко се јавуваат како раководителки на сектори или одделенија во општините, а во Советите на општините се застапени исклучиво исполнувајќи го законскиот минимум од 30%.
Комисиите за еднакви можности не изработуваат програми за родова еднаквост, не одржуваат редовни седници, а координаторите за еднакви можности се лица кои што по систематизација се вработени на други работни места, па задолженијата во делот на родовата еднаквост им се дополнителни обврски.
За ЕУ интеграциските процеси и колку родовата еднаквост е важна како предуслов за напредокот на нашата земја на патот кон ЕУ познавањата се минимални и во општините речиси и воопшто не се сфаќа сериозно нужната потреба од работа на унапредувањето на родовата еднаквост на локално ниво. Она што е клучно да се преземе во периодот кој што ни следува е едукација и јакнење на свеста за практикувањето на родовата еднаквост и рамноправност како кај локалното население, така и кај членовите на Комисиите за еднакви можности и членовите на Советите на општините, редовна изработка на годишни програми за родова еднаквост со буџетски алокации, како и редовна изработка на годишните извештаи за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите до Министерството за труд и социјална политика кои што во половина од општините сега не се исполнуваат иако се законска обврска согласно Законот за еднакви можности, како и создавање на институционална меморија за работењето на комисиите, но и воведување на родово-одговорното буџетирање како алатка за креирање на локалните политики.
Зголемувањето на партиципацијата на жените во локалните процеси на донесување на одлуки, како и унапредувањето на транспарентноста и отчетноста на работењето на Комисиите за еднакви можности се исто така дел од клучните препораки кои што ние успеавме да ги извлечеме од имплементацијата на проектот.
Сите материјали и едукативни видеа кои што произлегоа како продукти од проектот се достапни на веб страницата на Рурална Коалиција во делот публикации на официјалниот линк ТУКА
Проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“ имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Шведска.
Ова соопштение е создадено со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирано од Шведска. Содржината е единствена одговорност на Рурална Коалиција и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска, за медиумите истакнаа од Рурална Коалиција.
Во прилог галерија од настанот:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (5 јуни)
-
Кичево1 ден
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (6 јуни)
-
Спорт5 часа
Влезниците за фудбалскиот меч на гостински терен помеѓу Англија и Македонија можат да се купуваат до 15. јуни, ова се информациите
-
Автомобили1 ден
Возите Bugatti и почна да врне? Нема проблем (ВИДЕО)
-
Гејминг2 дена
Take-Two ја најавува GTA VI за 2024 година
-
Магазин2 дена
Microsoft отстранува важна функција од Windows
-
Временска прогноза5 часа
Викендот пред нас нови најави за нестабилност на времето, се чини така останува да биде до крајот на месецот…