Спорт
(ВИДЕО) Хрватска губи од Аргентина со 2:0, ќе се вратат ли „коцкестите“ од оваа резултатска негатива?

Репрезентациите на Аргентина и Хрватска вечерва го играат првиот полуфинален натпревар на Светското првенство во Катар, а Аргентинците во моментов водат со 2:0.
Вториот гол го постигна Алварез во 39. минута, кој го доби пеналот за првиот гол. Алварез ја прими топката во центарот на теренот. Сам тргна кон голот, на крајот двајца играчи на Огнените успеаја да го стигнат, но не го спречија двојното водство на Аргентина.
Лео Меси погоди од пенал во 34. минута.
Алварез лесно и избега на хрватската одбрана, ја турна топката покрај Ливаковиќ, кој потоа го собори. Ковачиќ доби жолт картон поради жалба, Ливаковиќ за прекршок.
⏱ 39' ⏱
⚽️ ¡¡GOL DE JULIÁN ÁLVAREZ!! ⚽️
▫️Argentina 2⃣-0️⃣ Croacia#Qatar2022 #FIFAWorldCup pic.twitter.com/6W4uPaVXTk
— Lander Artetxe (@Landerartx_) December 13, 2022
Argentina's 🇦🇷🇦🇷direct play reaping huge dividends in the first half.
Two precious moments resulting in goals means Croatia now have to play against not only Argentina but this super excited crowd .
Toughpic.twitter.com/2xZa7yJY4J
— George Addo Jnr (@addojunr) December 13, 2022
Julian Alvarez Goal vs Croatia Semi Finale World Cup 2022#Argentina #ArgentinaVsCroatia #CroatiavsArgentina #Croatia #FIFAWorldCup #Messi pic.twitter.com/srL4M2kQUi
— World Cup 2022 (@MohsenKallala) December 13, 2022
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт1 ден
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Македонија2 дена
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје5 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили1 ден
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle1 ден
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови