Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Илиевска Божиновска ја пофали досегашната работа во Фудбалската федерација, додека администрацијата преку видео запис го истакна годишниот извештај на сработеното

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето Редовно генерално Собрание. На Редовното генерално Собрание беа присутни 58 од вкупно 60 делегати кои ги ги усвоија низа точки од дневниот ред.

– Завршна сметка за 2023;

– Извештај од независен ревизор за 2023;

– Извештај од Надзорен одбор за 2023;

– Потврдување на одлуката за суспензија на ОФС Струмица;

– Усвоен извештајот од претседателот и Управниот одбор на ФФМ;

– Извештај од администрацијата за исполнување на стратешките планови;

– Усвоен е буџетот за 2024 година;

Генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска во своето обраќање истакна дека федерацијата има одлична соработка со Општинските фудбалски Сојузи, како своја база, но и ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА.

Наталиа Илиевска Божиновскагенерален секретар на ФФМ: „Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија би сакала да истакнам дека имаме извонредна соработка со сите вас и би сакала искрено да ви честитам на досегашната работа. Да ви посакам многу среќа, сила и успех во соочувањето со новите предизвици.

Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации. Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал.

Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидуваме.

Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел – место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите. Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт.

Во продолжение видео од прифатениот Годишен извештај на администрацијата на Фудбалската федерација на Македонија согласно стратешките планови.

Спорт

„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Chaojie Ni

Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.

Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.

Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.

/NBA

Прочитај повеќе...

Спорт

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

Објавено пред

на

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Дополнително:

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Објавено пред

на

©porta.mk

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.

Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.

Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!

Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА

– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е  неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.

Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски

Број 7, Стефан Стојаноски

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза30 минути

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Air Quality Index Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември...

Кичево2 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

Air Quality Index На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го...

Македонија3 часа

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Air Quality Index Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин4 часа

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

Air Quality Index За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија6 часа

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

Air Quality Index АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија,...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (18 декември)

Air Quality Index ОВЕН  Личноста со која сте блиски сигурно ќе ви даде добар совет. Слушајте внимателно дури и ако...

Македонија18 часа

Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!

Air Quality Index Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја...

Кичево23 часа

Празничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар

Air Quality Index Драги кичевчани, наши читатели. Празничната магија повторно се чувствува во Кичево, полека но сигурно го враќа впечатливиот...

Скопје1 ден

Кинез и Италијанец пробале да влезат во Македонија со фалсификувани документи, експресно биле приведени

Air Quality Index Вчера во 01:50 часот на Граничниот премин „Meѓународен Аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници ги...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин1 ден

Голема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато

Air Quality Index Класичните пластични SIM-картички полека исчезнуваат од паметните телефони. Според експертите, меѓу кои и Александар Рабе од Здружението...

НАЈЧИТАНИ