Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Левандовски донесе важни три бода за Барселона во гости

Објавено пред

на

printscreen/official video

По два натпревари на Балеидос во кои не успеаја да се вратат дома со три бода, Барса искористи. Имено работите одеа добро за Барселона, која поведе по првото полувреме по голот на Роберто Левандовски во 45. минута од натпреварот, сепак, Јаго Аспас се погрижи Каталонците да не дојдат до три бода. Иконата на Селта постигна гол во 47. минута и тоа беше негов 199. гол во дресот на Селта.

Од тој момент гледавме многу интересна утакмица, на која двете екипи можеа да постигнат гол.

До крајот на натпреварот кога беше досуден пенал за Барселона. Топката ја однесе Левандовски, кој не успеа да го реализира пеналот, бидејќи голманот на Селта го прочита, но голманот на домашниот тим со двете нозе зачекори пред линијата и поради тоа беше повторен пеналот.

Од вториот обид Полјакот беше попрецизен и со тоа Барса си замина од Виго со три бода. Барсa сега ја чека дуел од Лигата на шампионите против Наполи во осминафиналето, а потоа има пресметка со Хетафе.

Ла Лига, 25 коло:

Атлетико Мадрид – Лас Палмас 5:0 (2:0)
Љоренте 15, 20, Кореја 47, 62 п, Депај 87
Осасуна – Кадиз 2:0 (0:0)
Будимр 63, 90+1
Селта – Барселона 1:2 (0:1)
Јаго Аспас 47 – Левандовски 45, 90+7
21:00 Валенсија – Севиља

недела
14.00 Рахо Ваљекано – Реал Мадрид
16.15 Гранада – Алмерија
18.30 Мајорка – Реал Сосиедад
21:00 Реал Бетис – Алавес

понеделник
21:00 Атлетик Билбао – Жирона

петок
Виљареал – Хетафе 1:1
Морено 53 – Максимовиќ 24

Спорт

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

©ФФМ

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”, со почеток во 13 часот ќе одржи извлекување на паровите за новата натпреварувачка созона 2024 2025 во Прва МФЛ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

Објавено пред

на

©porta.mk

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07 со почеток од 20:00ч ќе се сретнат следните екипи:

  1. Куќа на Мијаците – Гранд Истамбул (Лажани)
  2. Pecenjara Ljajce Тетово – Joxana DH
  3. Мајстори 1 – Куќа на Мијаците
  4. Pecenjara Ljajce Тетово – Аква Терм (Лисичани)

Петок, 26.07

  1. Вранештица – Роденденски Пињати (Кичево)
  2. Мајстори 1 – Напредок
  3. Кеди Дизајн ANN Energy – Аква Терм (Лисичани)
  4. Лисичани – Напредок

Сабота, 27.07

  1. Гранд Истамбул (Лажани) – Лисичани
  2. Pecenjara Ljajce – Тетово – Вранештица
  3. Joxana DX – Кеди Дизајн ANN Energy
  4. Pecenjara Ljajce – Тетово – Роденденски Пињати (Кичево)

Недела, 28.07

  1. Joxana DX – Вранештица
  2. Pecenjara Ljajce – Тетово – Кеди Дизајн ANN Energy
  3. Joxana DX – Роденденски Пињати (Кичево)
  4. Вранештица – Кеди Дизајн ANN Energy

Ние како генерален медиумски покровител на овој спектакуларен настан уште еднаш ве покануваме заеднички да ги проследиме највозбудливите двојки кои ќе ги донесат можните победници на турнирот, а тоа не би било така добро, ако нема покрај нас највкусна храна на скара, приредена од одличните мајстори кои во континуитет долги години се број 1 во својот занает.

Се гледаме, спортски поздрав!

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ го одржа првиот дел од редовниот летен семинар за асистенти судии и контролори за македонскиот фудбал, презентирана беше промената на услови за судење, која беше применета во ЕВРО 2024

Објавено пред

на

©porta.mk (архива)

Непосредно пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2024/2025, како и секоја година, Фудбалската федерација на Македонија во Кичево од 19 до 21 јули го организираше првиот дел од редовниот летен семинар за судии и контролори за натпреварите од македонскиот фудбал. Првиот дел од семинарот беше насочен за асистенти судии и контролори од единствената листа во рамките на Прва и Втора МФЛ.

Првиот ден од семинарот започна со стручно – едукативно предавање од ПФИ програмата кое го одржаа Димитар Мечкаровски, Марјан Ристевски и Емил Божиновски. Беа повикани вкупно 42 контроли, а на семинарот присуствуваа 37.

Вториот и третиот ден од семинарот беа резервирани за асистентите судии кои полагаа тестови од правилата на фудбалската лига, а на крајот се одржа и полагање на физички норми.

На овој семинар исто така беше презентирана и новата промена околу условите и критериумите на судењето, која беше применета и на неодамна завршеното Европско првенство во Германија.

Новото правило околу судењето на фудбалската игра гласи:

Само на капитените на тимовите ќе им биде дозволено да комуницицираат со судиите

Судиите сега имаат отворена линија на дијалог со тимовите  во објаснувањето на клучните одлуки и одлуките кои произлегуваат ов ВАР технологијата ( во натпреварите каде Вар технологијата е активна). Објаснувавањето на донесените одлуки им се дава исклучиво само на капитените на тимовите, кои се единствените играчи на теренот кои имаат право да разговараат со судијата и да бараат објаснување на одредена ситуација на респектабилен начин.

Капитените на клубовите имаат и превземаат одговорност, барајќи од своите соиграчи да ги почитуваат судиите, да држат дистанца и да не ги опкружуваат судиите по донесувањето на одлука за време на натпреварот.

Во ситуација во која капитен на екипата е голман, а е далеку од акцијата, како што е во повеќето случаи, тимовите имаат обврска да назначат играч кој ќе биде овластен да комуницира со главниот судија, за да добие објаснување за одредена ситуација.

Играчите кои нема да се придружуваат до ова правило, ќе бидат казнувани со дисциплинкса мерка.”

Следниот викенд на програмата е вториот дел од семинарот, на кој ќе присуствуваат главните судии и ФИФА асистенти судии од единствената лиса на Прва и Втора МФЛ, известуваат за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за сабота (27 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан6 часа

Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола

Управата за сообраќајна полиција на МВР на Србија, по повод меѓународната акција за зголемена сообраќајна контрола насочена кон откривање и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Технологија1 ден

Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?

Тајванската компанија за истражување на пазарот TrendForce оваа недела изјави дека очекува Apple да започне со производство на iPhone-и кои...

Македонија1 ден

МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува...

Спорт1 ден

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”,...

Временска прогноза2 дена

Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) Следува постепена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 јули)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Кичево2 дена

„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно...

Спорт2 дена

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07...

НАЈЧИТАНИ