Следете не

Македонија

(ВИДЕО) МВР со кампања за безбедно возење на е-тротинети

Објавено пред

на

ФОТО: МВР/printscreen/youtube/video

МВР и РСБСП со заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети. Преку видео едукативен спот укажуваме на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, споделуваме лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила.

Целта на кампањата е да ја зголемиме свесноста, да поттикнеме одговорно однесување и да придонесеме кон побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот.

Македонија

Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици

Објавено пред

на

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија.

Со тоа, пријавените на ЕВН Македонија, подружница КЕЦ Струга и направиле штета од 1.377.911 денари, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

Приведен возач од Пробиштип, управувал возило со 185 км/ч на место каде е дозволено 110 км/ч

Објавено пред

на

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија

Објавено пред

на

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато“ кој се наоѓа во близината на Дебар.

Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар беше информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната безбедност.

На средбата раководството го информираше министерот дека веќе активно се преземаат оперативни активности во насока на обезбедување мирен, безбеден и демократски изборен процес.

„Што се однесува до Граничниот премин „Блато“ евидентиран е значително поголем број на патници од минатата и претходните години.

Преминот станува вистинска мост на поврзување за граѓаните кои одат на одмор во соседна Албанија и туристите кои доаѓаат на одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг.

Со тоа, нашата соработка со албанските колеги е насочена кон имплементација на системот „One Stop“, кој преку дополнителни инфраструктурни решенија ќе обезбеди трајно намалување на гужвите и поефикасен проток на патници и возила како во текот на целата година а посебно за периодите на зголемен туристички сообраќај“, истакна министерот Тошковски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево7 часа

(ВИДЕО) Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера го исполни кичевскиот плоштад до последно место, незапаметена македонска атмосфера во срцето на градот

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ својата славна приказна ја заврши таму каде што истата продолжува – во срцето на...

Автомобили8 часа

Доаѓа ли електричниот Volkswagen Lupo?

Фолксваген повторно може да оживее име кое одамна не сме го слушнале – Lupo. Со новиот градски електричен автомобил, компанијата...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин8 часа

Спроведено истражување на 15.000 телефони: Ова се најдоверливите брендови

Батеријата, падовите на системот и слабите перформанси се меѓу најчестите проблеми со паметните телефони. Ново истражување на организацијата Which? ги...

Фото: PlanetCare @ unsplash Фото: PlanetCare @ unsplash
Lifestyle8 часа

Применете ги овие едноставни трикови и облеката ќе мириса долго по перењето

Многумина се соочуваат со ист проблем: облеката изгледа чиста по перењето, но свежиот мирис многу брзо исчезнува. Понекогаш, дури и...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин8 часа

Google Play станува поперсонализиран

Google најави воведување на нов централизиран User Hub во рамки на Google Play, со цел да се овозможи повеќе personalized...

Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash
Магазин8 часа

Facebook воведува асистент со вештачка интелигенција за запознавање

Мета ја претстави најновата функција во рамки на Facebook Dating – асистент со вештачка интелигенција, кој има цел да им...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин8 часа

ChatGPT Pulse ви ги носи утринските вести врз основа на вашите разговори

OpenAI ја претстави новата функција ChatGPT Pulse, која секое утро испорачува персонализирани вести и предлози врз основа на вашата историја...

Временска прогноза11 часа

Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег

Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен...

Хороскоп21 час

Хороскоп за понеделник (29 септември)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Македонија1 ден

Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за...

НАЈЧИТАНИ