Кичево
(ВИДЕО) Не се пие кафе на балкон, кичевската градска депонија шири лоша миризба и предизвикува опасност од разни болести, надлежните ветија дека ќе се реши состојбата?

Поради непријатна реа која се шири од депонијата формирана во Комуналното претпријатие во Кичево, жителите од населбата Коњски ливади дишат загаден воздух.
Депонијата се наоѓа на само 200 метри од населбата, а речиси две години локалните мештани не можат да ги отворат прозорците за да ги проветрат просториите. Не можат ниту да пијат кафе на балконите, бидејќи лошата миризба е присутна постојано.
Од наши извори додаваме дека граѓаните го губат своето драгоцено трпение и доколку не се преземат соодветни мерки за оваа работа која му пречи буквално на секого, ќе се жалат до повисоко институционално ниво.
Повеќе за авторот Салије Садику од Кичево ќе најдете ТУКА, додека за овој натпис повеќе детали прочитајте на официјалниот линк од ТВ21 – ТУКА
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори
-
Автомобили17 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Lifestyle2 дена
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани
-
Lifestyle2 дена
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи