Спорт
(ВИДЕО) Официјално претставен новиот селектор на нашата најсилна фудбалска репрезентација – Благоја Милевски

Фудбалската федерација на Македонија официјално го промовираше Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.
На денешната прес-конференција,претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини во име на „Куќата на фудбалот“ му посака честитки и искрени желби за успех. Првиот човек на македонскиот фудбал истакна дека целите со новиот селектор се пласман на следното Европско првенство 2024 година.
– Вашето знаење, вашата страст и искуство несомнено ќе има важно влијание на развојот на фудбалот во Македонија. Доаѓаш на позицијата селектор на најдобрата наша репрезентација потполно подготвен за нови успеси и нови победи.
Ти си човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и сигурни сме дека тој пат мора да продолжи.
Македонската репрезентација веќе покажа дека има сила и квалитет. Сега е најважно да покажеме силен карактер и повторно да ги радуваме нашите навивачи.
Ви посакувам среќа и успех во сите предизвици кои се пред вас и трудете се да создадете трајно наследство за иднината на фудбалот во Македонија.
Јас и Управниот одбор на Федерацијата сме убедени во потенцијалот на фудбалерите и можете да сметате на наша целосна поддршка во остварување на целите, истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Благоја Милевски во својата изјава истакна дека ветува максимална работа и посветеност, за нови радости и победи на најдобриот национален тим.
– Можам да ветам максимална посветеност во мојата работа и професионалност. Вреднување на човечките вредности на сите нас. Ќе соработувам со голем број на познати личности. Возбуден сум за тоа. Едвај чекам да се видиме повторно. Сето она кое ни следи за новиот циклус, можам да кажам дека заедничка цел на сите ни е ЕП 2024 година, но во тековните квалификации за СП 2022 во Катар ќе дадеме се што умееме и знаеме за да имаме успешни квалификации и да останеме конкурентни до крајот на циклусот, изјави Милевски.
– Ова не е приватен тим. Сите се Македонија. Сите ќе треба да одговорат на предизвикот. Дека ќе има измени, ќе има, знаете дека Пандев, Тричковски и Велкоски изразија желба да прекинат со настапите за А-тимот. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за сето она кое го постигнаа. Исто и на мојот претходник Ангеловски за афирмацијата на македонскиот фудбал, дополни Милевски.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија3 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете