Спорт
(ВИДЕО) Оставка и приведување за Фарук Коџа по „тупаницата“ врз главниот судија на мечот против Кајкур Ризеспор
Турција и светот се уште се во шок откако претседател на клуб го нокаутираше судијата во понеделникот вечерта на крајот од натпреварот во најсилната клупска конкуренција. Имено откако неговиот клуб прими гол во 97. минута на натпреварот од Суперлигата против Кајкур Ризеспор (1:1), претседателот на МКЕ Анкарагучу Фарук Коџа истрчал на теренот и со тупаница го удрил главниот судија Халил Умут Мелер.
Сите фудбалски лиги во Турција веднаш беа прекинати, виновникот за инцидентот беше уапсен и поднесе оставка, а претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган го осуди насилството.
– „Ова е ноќ на срамот за турскиот фудбал“, изјави Мехмет Бујукекси, претседател на Турскиот фудбалски сојуз.
Во меѓувреме, Фарук Коџа, кој го нокаутира судијата, доби доживотна суспензија од која било позиција во турскиот фудбал. Клубот од Анкарагучу е казнет со два милиони турски лири (околу 63.000 евра) и ќе мора да одигра пет натпревари на домашен терен без присуство на навивачи.
По состанокот на врвот на турскиот фудбал, одлучено е натпреварувањето во лигите да започне дури во вторник на 19 декември.
За оваа ситуација соопштение даде и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино каде што истакна дека за насилство нема место во оваа заедница и јасно го кажа следново: „Без судии, нема фудбал, судиите, играчите, навивачите и сите во клубовите треба да бидат безбедни за да уживаат во играта и ги повикувам властите да се погрижат тоа строго да се спроведува и почитува на сите нивоа“
Погледнете ја ситуацијата уште еднаш:
In Case You Missed It:
Turkish club Ankaragucu’s president Faruk Koca punched referee Halil Umut Meler after his side's 1-1 draw with Rizespor.
The Turkish League has been suspended until further notice. pic.twitter.com/0Q0c8StcNk
— Rakshit (@FantasyScout_11) December 12, 2023
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево3 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија19 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Временска прогноза2 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Хороскоп16 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин1 денГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
