Следете не

Свет

(ВИДЕО) Полската полиција имаат метод за возачите на кои им се брза

Објавено пред

на

Полската полиција има совршен метод за оние учесници во сообраќајот кои не го почитуваат законот за безбедност при возење.

На овој начин кај нив го решаваат проблемот:

Свет

(ВИДЕО) Кичевчанецот Марко Маркоски на свои 11 години беше најсреќниот кој го пронајде Крстот во Рандолф, Њу Џерси

Објавено пред

на

Чесниот крст во Рандолф – Њу Џерси го фати 11-годишниот Марко Маркоски од Кичево којшто е најмладото детенце од сите пријавени во ова место. Нека Бог го насочи кон Вистината и да биде радосен.

Кичевското архиерејско намесништво се приклучи кон благословот и честитките, бидејќи секој еден православен кичевчанец низ светот е дел од нас.

Честитки и од Порта.мк и цела кичевска јавност!

Бог се јави, за многу години!

Доколку видеото не се вчита автоматски, кликнете ТУКА

Прочитај повеќе...

Свет

Дали ни е потребна четврта доза од вакцината?

Објавено пред

на

Раните податоци од Израел сугерираат дека четвртата доза на Pfizer / BioNTech или Moderna против коронавирус може да доведе до зголемување на антителата – повеќе од она што се гледа по третата доза.

Сепак, можеби нема да биде доволно за заштита од продорни инфекции предизвикани од варијантата омикрон, пишува утринава Си-Ен-Ен.

„Ова се прелиминарни резултати. Ова е пред секое објавување, но даваме информации затоа што ја разбираме итноста јавноста да ги добие сите можни информации за четвртата доза“, изјави д-р. Гили Регев-Јочај, директор на Одделението за превенција и контрола на инфекции во Медицинскиот центар Шеба на прес-конференција за најновите податоци.

„Вакцините на Pfizer ги следиме веќе две недели, а само една недела Модерна. А она што го гледаме е дека вакцината Pfizer по две недели предизвикува зголемување на бројот на антитела и неутрализирачки антитела. Тоа е дури и малку поголемо од она што го имавме по третата доза“, рече Регев-Јочај, додавајќи:

„Сепак, ова веројатно не е доволно за Омикрон.

Првата студија за четвртата доза од вакцината

Во декември Медицинскиот центар Шеба започна со тестирање на четвртата доза од вакцината за здрави луѓе пред да воведе дополнителна вакцина за ризичните лица. Тоа беше прва студија од ваков вид.

Студијата опфатила 154 здравствени работници кои ја примиле четвртата доза на Pfizer / BioNTech, 120 кои ја примиле четвртата доза Модерна и контролна група работници кои не ја примиле четвртата доза.

Регев-Јочај рече дека иако истражувачите забележале зголемување на антителата кај оние кои ја примале четвртата доза, нивото на антитела потребни за заштита од инфекција со омикрон било „веројатно превисоко за вакцината, дури и ако е добра вакцина“.

Сепак, таа рече дека е забележана малку помала инфекција кај оние кои ја примиле вакцината во споредба со контролната група.

„Немаше значајна разлика меѓу оние кои примиле доза Pfizer / BioNTech во споредба со Moderna“, додаде Регев-Јочај.

„Мислам дека одлуката да се дозволи четвртата доза на ранлива популација е веројатно вистинската“, рече таа, додавајќи:

„Тоа може да донесе некои придобивки, но веројатно не доволно за да се одлучи да ја дадеме четврточната доза на целото население, би рекол.

/n1info/

Прочитај повеќе...

Свет

Англија ја намали самоизолацијата на пет дена

Објавено пред

на

Во Англија минималниот период на самоизолација за луѓето кои се позитивни на Ковид-19 е намален на пет дена, јавува Би-би-си.

Таквата одлука е донесена по разгледувањето на медицинските докази во обид да се ублажи недостигот на кадар во британската економија.

Британскиот министер за здравство Саид Џавид рече дека намалувањето на изолацијата на пет дена „ќе ги врати дополнителните слободи и ќе го намали притисокот врз основните јавни услуги во текот на зимата“.

Периодот на изолација во Англија минатиот месец беше скратен од 10 на 7 дена, доколку добиете негативен тест на шестиот и седмиот ден.

Според правилата на изолација, денот кога започнуваат симптомите е нула ден, а следниот ден е првиот ден од периодот на изолација.

Вчера во Велика Британија се пријавени 70.924 позитивни случаи на Ковид, што е најмал дневен број од 14 декември.

Пријавени се уште 88 смртни случаи.

Во Британија, 16-годишните и 17-годишниците сега можат да закажат дополнителна доза од вакцината, а ќе бидат повикани 40.000 тинејџери кои примиле втора доза од вакцината пред најмалку три месеци.

На крајот, повеќе од 600.000 луѓе, на возраст од 16 и 17 години, кои примиле две дози, ќе имаат право на дополнителна доза.

/RTV/

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за понеделник (24 јануари)

ОВЕН Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е...

Македонија6 часа

СВР Битола со соопштение за пожарот во битолската фабрика за леб

На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот...

Занимливости10 часа

Кинеска студија открива – „Дали алкохолот може да го намали ризикот од Ковид-19“

Тим кинески научници ја анализираа поврзаноста помеѓу консумирањето различни видови алкохолни пијалоци и ризикот од инфекција со корона. Експертите од...

Скопје16 часа

СВР Скопје издаде 165 казни, 38 за брзина и дури 19 за без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Кичево17 часа

Утре прекин на сообраќај на делницата Кичево-Охрид поради работа на пат – „минирање“

Од АМСМ известува до сите учесници на сообраќајот дека утре на ден 24.01.2022 – понеделник на автопатот Кичево-Охрид ќе се...

На денешен ден24 часа

На денешен ден: 23 јануари

1516.- Почина Фернандо II, крал на Арагон од 1479 година. За време на нивното владеење, Гранада била освоена во 1492...

Хороскоп1 ден

Дневен Хороскоп [23 јануари – недела]

ОВЕН Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не...

Скопје1 ден

За утре најавен прекин на електрична енергија во следниве скопски улици и реони

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 23.01.2022 година – недела, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во...

Македонија1 ден

Доцна вечерва ова се денешните ковид-19 бројки на заболени

Во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 888...

Балкан1 ден

Почина Аки Рахимовски

Пејачот на групата Парни ваљак Аки Рахимовски почина на 67-годишна возраст, објавено е на Фејсбук страницата на бендот. „Драги пријатели,...

НАЈЧИТАНИ