Македонија
(ВИДЕО) Пожарот кај с.Тајмиште кичевско се уште активен, како и пожарот кај с.Ореовец бродско исто така, префрлен кон с.Русјаци – ова се деталите..
РЦУК – Кичево, известува дека пожарот што започнал на ден 30.10.2022 година во 13:00 часот во близина на Тајмиште, Општина Кичево е се уште активен. Утрово на ден 01.11.2022 година во гаснењето на пожарот интервенираат 4 лица од ЈП ,,Национални шуми” подружница ,,Лопушник”. Според последните информации пожарот се движи во правец на селото Колари, но се уште е далеку од населеното место.
Пожарот што започна на ден 30.10.2022 година во 20:30 часот над с.Бачишта, Општина Кичево е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и сува трева. Во моментот во гаснењето на пожарот интервенира ЈП ,,Национални шуми” подружница ,,Лопушник”. Според последните информации пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на с.Бачишта. Од ЈП ,,Национални шуми” подружница ,,Лопушник” известуваат дека пожарот се шири во превец на реката и делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот.
РЦУК – Македонски Брод, известува дека пожарот што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој е се уште активен и истиот е префрлен во атар на с.Русјаци. Со пожарот се зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот во моментот интервенираат 4 лица од ЈП ,,Македонски шуми” подружница ,,Сандански” и 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Македонски Брод.
Од градоначалниот на Општина Македонски Брод е добиено барање за гаснење на пожарот од воздух. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР.
Фото: Архива (порта.мк)
Извор/Видео: Центар за управување со кризи (ЦУК)
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?