Македонија
(ВИДЕО) Преносот овозможен во живо за „Богојавление Водици“ од Охрид еден од најследените преку социјални мрежи

Вчера по осветувањето на езерските води се случи најмасовното положувањето на Светиот крст, каде најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го пронајде Светиот крст. На него Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона.
Празнувањата за „Водици“ продолжија со настап на групата „Љубојна“ на Градскиот плоштад и со групно крштевање на Сараиште.
Релативно искусно и рутински најубавиот пренос преку социјалните мрежи јутјуб и фејсбук го направија нашите пријатели од „2С Студио“ потпомогнати од нас и останатиот дел од нивните пријатели.
– Од екипата на „livestream.mk“ од „2С Студио“ упатувам голема благодарност до сите, вклучувајќи и вас што го потпомогнавте реализирањето на овој настан, иако толку беше времето успеавме повторно да го пренесеме најголемиот христијански празник како што доликува, виден од речиси 1 милион луѓе за еден ден. Што се однесува до техниката и поставеноста на истата – надвор на терен бевме со 6 камери + 1 дрон, кои беа распоредени на најактуелните места каде граѓаните можеа да ги доловат сите квалитетни кадри (2 од црква – пристаниште, 2 харбор камери, 1 камера кај пливачите, 1 камера на кале и дрон камера за од воздух). В година здравје ќе се потрудиме да го направиме овој спектакл уште подобро пренесен – за нашиот портал додаде сопственикот и уредник на „2С“ – Стојан Стојановски
Бог се јави!
– Навистина се јави!
Македонија
ЕВН Кичево за утре најави времен прекин на електрична енергија во реонот на М.Брод, потточно во овие македонски села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре 26 мај – 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на реонот кон Македонски Брод, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните македонски села:
село. Звечан, Косово, Битово, Волче, Заград, Кичин Растеш, Близанско, Здуње, Требовље, Ботушје и Брест (Од 09:00 до 15:00 часот)
Инфо: струја
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Македонија
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на настанот.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Култура21 час
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза2 дена
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје1 ден
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Автомобили20 часа
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Занимливости2 дена
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“
-
Магазин21 час
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7