Спорт
(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија
Македонската репрезентација дојде до првата победа во четвртото издание на Лига Нации со победата над Ерменија вечерва со резултат 2:0 и тоа со 10 играчи. Оваа победа беше една од најбитните бидејќи противничката селекција на Ерменија беше директен конкурент за првото место во групата.
Со голот на капитенот Енис Барди во 70-тата минута од слободен удар, Македонија дојде до посакуваното водство, додека Миовски ја покажа големината и неговата форма со голот за 2:0 по дриблинг пред голот.
Со оваа победа Македонија дефакто се врати во игра за првата позиција, после она разочарувачко реми на Фарските Острови – кое треба да се заборави час поскоро и да се гледа напред!
На крај забележителен беше моментот на нашите два најголеми „асови“ Енис Барди и Елиф Елмас – во прегратките на селекторот Милевски, емоции и моменти, па се чини хармонијата во репрезентацијата и не е така лоша, односно според нас, досегашната резултатска криза која веруваме дека ќе се надмине претходно доминираше, додека поволен резултат и тоа како добро доаѓа.
Со среќа момци!
Македонија се сака и кога губи и кога победува, одиме понатаму!
Македонија: Димитриевски, Ашковски (83. Манев), Муслиу, Зајков, Димоски, Дав. Бабунски (46. Серафимов), Алими (59. Атанасов), Барди, Елмас, Миовски, Чурлинов (4. Ќамили, 59. Костадинов).
Селектор: Благоја Милевски.
Ерменија: Чанчаревиќ, Харутунјан, Харојан, Калисир, Тикнизјан (66. Григорјан), Спертсјан, Иву, Хофханисјан, Севикјан (66. Бичакчјан), Ранос (46, Серобјан), Зеларјан.
Селектор: Олександр Петраков.
Голови:
Enis Bardhi hunts Armenia with this great freekick!
pic.twitter.com/JDB37TGlav— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 10, 2024
Спорт
ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.
Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.
Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.
– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.
Спорт
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА, по победата над Азербејџан со резултат 3:1.
Нашите фудбалерки играа одлично и ја контролираа играта на целокупниот натпревар. Првиот гол беше постигнат од Калина Попоски во 19. минута по мајсторски изведена акција. Во 27. минута, Теона Галабовска ја зголеми предноста од пенал. Таа повторно се запиша во листата на стрелците во 49. минута, со што стави крај на одличниот настап.
Азербејџан успеа да постигне еден гол преку Јуругова во 35. минута, но не беше доволно за сериозна закана по нашата победа.
Со оваа победа, Македонија прави важен чекор во својата квалификациска трка и ги насочува погледите кон последниот дуел со Словенија, кој ќе има решавачки карактер.
Македонија до 19 години: 1. Ведрана Комненова, 4. Кристина Крстева, 5. Михаела Додевска, 6. Андреа Коловска, 7. Меланија Грозданова, 8. Ева Величкова, 9. Емили Митковска, 10. Теона Галабовска, 11. Калина Попоски, 15. Канита Емини, 16. Мила Панева;
Селектор: Кирил Изов.
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од првенството во Третата фудбалска лига „Запад“.
Одлично прикажана игра, во една динамична атмосфера, иако не стартувавме најдобро, примивме гол, во второто полувреме поставеноста на играта и искуството на нашите најдобри момчиња резултираше со целосен пресврт и победа.

„ФК Напредок“ после победата врз „ФК Ренова“ на гостински терен, 29.11.2025 г.
Стрелци за нашиот тим: Исмаили, Вренцоски и Никодиноски.
Секоја чест за прикажаната пожртвувана игра, во пролетниот дел продолжуваме со појако темпо до вистинската цел!
-
Кичево2 дена(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево23 часаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп1 денМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево14 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Здравје и убавина1 денПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Македонија2 денаКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
