Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Со „доообра ноќ“ Ѓоковиќ на спектакуларен начин ги поздрави оние кои го мразат

Објавено пред

на

Ѓоковиќ на спектакуларен начин уште еднаш ги поздрави оние кои немаат почит кон тенисот и кон неговото дело, погледнете за што станува збор.

Доколку не се вчита видеото, погледнете го ТУКА

Спорт

Милевски: „Треба да бидеме на максимум, затоа што Фарски Острови ја победи Турција и тоа не е мала работа“

Објавено пред

на

©ФФМ

Во пресрет на денешниот натпревар на македонската А репрезентација против Фарски Острови од новото издание на Лига на Нации, на официјалната прес-конференција говореа селекторот на Македонија, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

Првиот натпревар е секогаш е тежок. Фарски  Острови е квалитетен, дисциплиниран противник и имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша цел е прво место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа. 

Временските услови се такви какви што се. Не е лесно да се адаптирате од 35 на десетина степени. Затоа дојдовме ден порано и верувам дека ќе бидеме спремни. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го наметнеме нашиот квалитет“

„Противникот е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво и подобри  што се однесува до динамиката на игра, агресивноста и желбата, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз. На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен“.

Енис Барди – капитен на македонската А репрезентација:

– „Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу.

Не треба да бараме алиби и како и секогаш да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме“, истакна за јавноста Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 21 година загуби од Холандија на гостински терен, следен предизвик за нашите момчиња е мечот против Гибралтар исто така на гостински терен

Објавено пред

на

©ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 21 година доживеа убедлив пораз од Холандија со 5:0 на гостински терен во натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Холандија во Алмере ја демонстрираше својата сила, во секој сегмент од мечот ја надигра нашата репрезентација и на крајот забележа убедлива победа.

Регир уште во втората минута го отвори резултатот по една одлична акција, а Охио во 22.минута зголеми на 2-0. Во продолжението Холанѓаните постигнаа уште три гола. Милион Манхоф во 61. и во 69.минута најави дебакл, а серијата ја заокружи Јури Регир исто така со својот втор гол во 75.минута од мечот.

Следниот меч од квалификациите го играме против Гибралтар на гостински терен, известуваат од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Трапановски: „Наша цел е прво место во групата, поквалитетни сме од Ф.Острови“

Објавено пред

на

Македонската репрезентација утре на 7. и 10. септември ќе се соочи со Фарски Острови, односно Ерменија во Скопје, во рамки од новата сезона во Лигата на нации. Дебитантот во најдобрата македонска репрезентација, Кристијан Трапановски размислува оптимистички во пресрет на првиот гостински меч против Фарски Острови.

Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Групата ме пречека одлично, се чувствувам супер, се чувствувам како долго време да сум тука иако ми е првпат“, вели Трапановски.

„Нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови, ако е можно да ги победиме сите натпревари и да се пласираме во следната рунда. Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници“.

„Сметам дека ние како тим сме многу поквалитетни од Фарски острови. Теренот и времето нема да прават проблеми ако ние бидеме на вистинското ниво, ќе ги освоиме трите бода“, истакна за ФФМ младиот Трапановски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт6 часа

Милевски: „Треба да бидеме на максимум, затоа што Фарски Острови ја победи Турција и тоа не е мала работа“

Во пресрет на денешниот натпревар на македонската А репрезентација против Фарски Острови од новото издание на Лига на Нации, на...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за сабота (7 септември)

ОвенВодени од гласот на разумот, одлучно трнувате во акција. Уште ако имате добро промислено и анализирано сите варијанти, ќе биде...

Македонија15 часа

Од ноќеска цената на бензинот се намалува, дизелот останува со иста цена

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Скопје18 часа

СВР Скопје го расчисти случајот со пожарот во Расадник, поднесена е кривична пријава против 14-годишник, фрлал пиротехника запалена со запалка

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”,...

Балкан18 часа

(ВИДЕО) Силно невреме ноќеска ја погоди Хрватска, ветерот достигна брзина 80 км/ч

Невреме пропратено со грмежи околу полноќ го зафати поширокото Сплитско подрачје, а ветерот достигна брзина од 80 километри на час....

Свет18 часа

Основачот на платформата „Телеграм“ Павел Дуров ја истакна својата прва изјава по неговото апсење во Париз.

Дуров изјави дека помогнал во борбата против тероризмот во Франција, односно во создавањето „жешка линија“ меѓу таа апликација и Париз....

Спорт18 часа

Македонија до 21 година загуби од Холандија на гостински терен, следен предизвик за нашите момчиња е мечот против Гибралтар исто така на гостински терен

Репрезентацијата на Македонија до 21 година доживеа убедлив пораз од Холандија со 5:0 на гостински терен во натпревар од квалификациите...

Спорт20 часа

Трапановски: „Наша цел е прво место во групата, поквалитетни сме од Ф.Острови“

Македонската репрезентација утре на 7. и 10. септември ќе се соочи со Фарски Острови, односно Ерменија во Скопје, во рамки...

Временска прогноза21 час

Од понеделник пад на температурите и на места врнежи од дожд

Со оглед на тоа дека најновите излези на најпрецизните прогностички материјали со кои располагаме цртаат голем продор на ладен воздух...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (6 септември)

Овен Ќе се соочите со помали проблеми кога станува збор за работата, но ќе ги успеете да ги решите за...

НАЈЧИТАНИ