Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Со „доообра ноќ“ Ѓоковиќ на спектакуларен начин ги поздрави оние кои го мразат

Објавено пред

на

Ѓоковиќ на спектакуларен начин уште еднаш ги поздрави оние кои немаат почит кон тенисот и кон неговото дело, погледнете за што станува збор.

Доколку не се вчита видеото, погледнете го ТУКА

Спорт

Големата спортска нација би можела да заокружи еден од најуспешните денови во шпанскиот спорт, титула на ЕУРО со веќе освоената титула во Тенис на Алкараз

Објавено пред

на

Шпанија ја брка четвртата титула за да го израмни рекордот на Германија, додека Англија ќе се обиде да го освои својот прв голем трофеј по освојувањето на Светското првенство во 1966 година.

Шпанија ги освои титулите во 1964, 2008 и 2012 година. Инаку финалниот натпревар ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Берлин, а шпанската селекција важи за фаворит, бидејќи ги доби сите шест натпревари на ЕП и според рејтингот одигра најдобро.

Што се однесува до атмосферата во Берлин полека достигнува треска, улиците се преплавени со расположени шпански и англиски навивачи. Секој пее, навива за своето, без ниту еден инцидент. Река фудбалски фанатици денеска го поплави овој германски град.

Имено, Шпанија денеска веќе доби еден шампион, тенисерот Карлос Алкараз. Од Лондон пристигнуваа добри вести за масата шпански навивачи, така што во Берлин со нетрпение ја очекуваат новата титула но оваа во фудбалот.

Големата спортска нација би можела да го заокружи еден од најуспешните денови за шпанскиот спорт со можна титула на ЕУРО.

Во живо:

Прочитај повеќе...

Спорт

Женската репрезентација минимално поразена од Летонија на домашен терен

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија забележа пораз со 2:1 на домашен терен против селекцијата на Летонија во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц) од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

Избраниците на селекторот Александар Андов не успеаа по втор пат во овие квалификации да слават победа над противникот, кој одигра добар натпревар и заслужено забележа победа со гол во последните мигови од средбата.
Стрелец на првиот погодок на денешната средба беше Полуховича во последните моменти од првото полувреме, искористувајќи го максимално нашето невнимание во одбраната.

Голот за израмнување на резултатот го постигна Наташа Андонова со прекрасен удар од далечина во судиското продолжение.

Шевчова со гол буквално во последната секунда од мечот ги постигна конечните 2:1 за селекцијата на Летонија.

Во првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции, Македонија на гости издвојува победа со 4:3.

Македонија: Кабакчи, Панеска, Николовска, Милчевска, Недева, Андреевска, Мустафа, Нацева, Марковска, Андонова, Максути

Селектор: Александар Андов

Прочитај повеќе...

Спорт

Женската репрезентација на Македонија утре ја пречекува Летонија, Андон верува дека ќе испишеме историја!

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија утре на домашен терен ја пречекува селекцијата на Летонија, во рамките на претпоследното коло во групата 2 од Лигата Ц, од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

Нашата репрезентација има императив победа, со која би остварила историски резултат и би го потврдиле второто место во групата кое носи пласман во баражот од квалификаците.

Селекторот Александар Андов и капитенот Наташа Андонова, денеска остварија средба со новинарите спроти утрешниот квалификациски меч против селекцијата на Летонија.

„Како што кажав и на самиот почеток, по моето назначување за селектор на репрезентацијата, реков дека потребно е време за да тргнат работите на подобро, чекор по чекор и со многу труд успеавме да се подобриме на сите полиња, а потврда за тоа се последните позитивни резултати што ги оствари оваа репрезентација. Се наоѓаме пред историски можност, женската репрезентација на Македонија во досегашната историја никогаш не била во можност да се бори за ваков висок пласман. Утре ќе имаме можност да испишеме историја, верувам дека ќе успееме да оствариме победа. Ја немаме на располагање Гентијана Рочи, која со својот квалитет и искуство претставува многу битен член на репрезентација. Но не смееме да зависиме и да се ослониме само на еден човек. Кажав дека сите фудбалерки се битни и утре ќе имаат можност да го докажат тоа.”, изјави селекторот Александар Андов.

– „Нормално дека постои притисок пред утрешниот натпревар, но тој е позитивен. Имаме одлична атмосфера во репрезентација и по подолго време повторно сме сите заедно обединети, функционираме како еден тим и размислуваме победнички. Имавме одлични услови во претходниот период и се подготвивме на најдобар можен начин за овој меч. Имавме одличен тренинг камп во Банско и подготвени го дочекуваме утрешниот меч.”, изјави капитенот и нашиот најдобар играч, Наташа Андонова.

Женската фудбалска репрезентација на Македонија, денеска во 19 и 15 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе го одржи официјалниот тренинг пред утрешниот меч со Летонија.

Дуелот од групата 2 од квалификациите за пласман на ЕП помеѓу Македонија и Летонија ќе се одигра утре со почеток во 19. часот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура5 минути

Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда

Со особена радост и благодарност кон Дародавецот Бог ве известуваме дека документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на...

Магазин3 часа

Пазарот на телефони е во подем, еве кој бренд е на тронот

Аналитичката компанија IDC ги објави најновите резултати за глобалниот пазар на паметни телефони. Испораките на паметни телефони во вториот квартал...

Автомобили3 часа

Експертот предупредува: Ако купувате користено возило, проверете го ова на гумите

Кога купуваат користен автомобил, на возачите им се советува да внимаваат на вообичаените измами што ги користат продавачите за да...

Магазин3 часа

Германската влада поседува околу 2 милијарди долари во bitcoin

Германската влада со недели продава bitcoin, што вршеше притисок врз најголемата криптовалута во светот да ја продаде. Цената на bitcoin...

Магазин3 часа

Google нуди 23 милијарди долари за оваа компанија

Компанијата е во преговори за купување на Wiz, која се занимава со бизниси во доменот на сајбер безбедноста за облакот....

Магазин3 часа

Apple воведува функција за пресликување на iPhone на macOS Sequoia

Една од поинтересните карактеристики што Apple ги претстави за macOS на светската конференција за програмери 2024 претходно овој месец е...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за вторник (16 јули)

ОВЕН Од рано наутро ќе бидете многу одлучни во намерата да направите сѐ што не сте стигнале во претходните неколку...

Автомобили1 ден

Audi оживеа луд проект од 1930-тите. Возачот е во средината (ФОТО)

Доколку се произведува во своето време, Auto Union Type 52 несомнено би бил најбрзиот автомобил на планетата. Audi сега го...

Lifestyle1 ден

Што ако ве убоди медуза? Мора брзо да реагирате

Уживањето во сонцето и пливањето може да го расипе медуза. Ако се случи да изгорите од медуза, треба да ги...

Магазин1 ден

OpenAI подготвува уште понапреден AI: Еве што може да направи

Тајниот проект го носи кодното име „Strawberry“. Новиот извештај на Ројтерс тврди дека OpenAI развива технологија која ќе донесе напредни...

НАЈЧИТАНИ