Следете не

Спорт

Со победата над Холандија, Англија оди во финале против „црвената фурија“, Воткинс по 10 минути игра од клупата со прекрасен гол ја запечати судбината на „лалињата“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Англија се пласираа во финалето на Европското првенство со голот на Оли Воткинс во судиското надополнување од полуфиналето против Холандија – 2:1 (1:1). Холандија поведе со голот на Чави Симонс во седмата минута, а израмни Хари Кејн во 18. минута од пенал. Победата за Англија ја донесе Оли Воткинс во првата минута од дополнителното време, само 10 минути откако го замени Кејн на теренот.

Натпреварот имаше доста динамичен тек, така што Холандија поведе по првата шанса, Симонс му ја зеде топката на Деклан Рајс и силно шутираше од повеќе од 20 метри во бегство. Голманот Џордан Пикфорд се обиде со парада да го запре ударот, но топката отиде во далечниот горен агол.

Потоа, текот на натпреварот од минута во минута, изгледаше вака: Англија некаде на стартот се закани преку капитенот Кејн, најпрвин неговиот удар го одбрани голманот Барт Вербруген, а две минути подоцна во 14. минута шутираше над голот, а Дензел Дамфрис тргна кон него во обид да го одбие ударот.

Ситуацијата беше проверена со ВАР технологија, видеото го прегледа судијата Феликс Цвајер и досуди пенал. Кејн го изведе пеналот, голманот тргна на десната страна, но капитенот на Енгелска прецизно шутираше против стативата и израмни во 18. минута.

Во 23. минута Англија направи добар потег, Коби Мејн ја додаде топката до Фил Фоден кој ја испрати топката низ нозете на голманот Вербруген, но Дамфрис ја расчисти од гол линијата.

Холандија се закани од центаршут кога Мемфис Депај добро го пронајде Доњел Мален, чиј удар беше изблокиран и топката беше избркана во корнер. По корнерот на Симонс од десната страна, Дамфрис ја упати топката со глава и ја погоди гредата во 30. минута.

Две минути подоцна на другата страна, по додавањето на Букај Сака од повеќе од 20 метри, Фоден одлично шутираше во горниот лев агол и ја погоди стативата. После тоа, Англија имаше шанси преку Фоден и Мајну, но Холанѓаните успеаја да ги спречат, па репрезентациите заминаа во изедначено полувреме.

Во првиот дел од вториот дел немаше шанси, селекциите играа претпазливо, а првата шанса ја имаше Холандија во 65. минута. Џои Верман изведе слободен удар, топката ја зафати Вирџил ван Дијк, а голманот Пикфорд одлично одбрани. Пикфорд три минути подоцна ја елиминира опасноста пред сопствениот гол и ја избрка топката во корнер.

Во 77. минута Симонс се обиде со полуволеј, но англискиот голман лесно ја фати топката. Две минути подоцна Сака постигна гол откако го мина Кајл Вокер, таа акција беше проверена со ВАР технологијата и беше утврдено дека Вокер е во офсајд.

Во 88. минута, по додавањето на Лук Шо, Кол Палмер, кој неколку минути претходно влезе во игра на местото на Фоден, шутираше покрај стативата.

Англија победи со голот на Воткинс во првата минута од судиското надополнување, кога по додавањето на Палмер од кривина ја испрати топката во далечниот долен агол. Англија во финалето на Европското првенство во недела од 21 часот во Берлин ќе игра против Шпанија.

Тоа е второ последователно финале на ЕП за Англија, по поразот од Италија во 2021 година.

Ова беа највозбудливте моменти од натпреварот:

Спорт

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

Објавено пред

на

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Дополнително:

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Објавено пред

на

©porta.mk

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.

Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.

Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!

Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА

– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е  неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.

Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски

Број 7, Стефан Стојаноски

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.

На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.

Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.

Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle9 минути

Идеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција

Мувлата во бањата е чест проблем со кој се соочуваат речиси сите домаќинства. Сепак, со неколку едноставни и практични мерки...

Фото: Taylor Beach @ unsplash Фото: Taylor Beach @ unsplash
Lifestyle12 минути

Патник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“

Паметното пакување може значително да ви заштеди простор, тежина и стрес при патување. Искусни патници советуваат дека со неколку едноставни...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин15 минути

Disney инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и ги отвора своите легендарни ликови за вештачка интелигенција

Компанијата Walt Disney објави дека инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и потпишала тригодишен договор за лиценцирање, со кој корисниците...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин19 минути

По iOS 26.2, Apple оди чекор понатаму: 10 клучни функции доаѓаат со идните верзии на iOS

Протечени информации од внатрешниот програмски код на Apple откриваат амбициозни планови за идните верзии iOS 26.4, iOS 27 и iOS...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин30 минути

Apple ги објави најпопуларните апликации и игри за iPhone и iPad во 2025 година

Apple ја објави официјалната листа на најпреземаните апликации и игри за iPhone и iPad уредите за 2025 година, откривајќи кои...

На денешен ден3 часа

Времеплов: На денешен ден (15 декември)

На денешен ден 15 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Спорт13 часа

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за понеделник (15 декември)

ОВЕН Може да очекувате генерално поволен ден. Ако вашата работа е поврзана со продажба, ќе имате голем успех. Можно е...

Временска прогноза14 часа

Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на...

Технологија14 часа

Откриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима

Новооткриениот малвер „DroidLock“ моментално е насочен кон корисници во Шпанија и се шири преку измамнички фишинг веб-страници. По инсталацијата, користи...

НАЈЧИТАНИ