Следете не

Хроника

(ВИДЕО) Срце се кине, едно од децата кое настрада во масакрот во Белград бил неверојатен талент за клавир, има добиено и повеќе национални награди

Објавено пред

на

printscreen/video

Малолетникот А.Ч. што настрада во масакрот што вчера се случи во основното училиште во Белград бил неверојатен талент – свирел клавир од својата шеста година и настапувал на престижни натпревари.

Својот интерес кон музиката го покажал уште од најрано детство, а покрај тоа бил и одличен ученик со сите петки,

Покрај музиката, сакал да игра тенис и се занимавал со фотографии и правење интересни видео записи проследени со интересна музика.

Има добиено повеќе награди на национални и интернационални музички натпревари како и специјални награди за изведување на композицијата „Burgmuller Etude D-dur“ во 2019 година.

Извор: alo.rs

Хроника

Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа

Објавено пред

на

©porta.mk

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

Повеќе прочитајте на Курир, во продолжение ТУКА

Прочитај повеќе...

Хроника

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД

Објавено пред

на

Почина Агустин Ескобар, претседател и извршен директор на Siemens во Шпанија, заедно со неговата сопруга и трите деца. Тие се идентификувани како жртви на хеликоптерот што во четвртокот се урна во реката Хадсон во Њујорк, според Њујорк пост.

Веб-страницата New York Helicopter Tours објави фотографија од петчленото семејство како позира пред хеликоптерот Bell 206L-4 LongRanger IV.

Полицијата извести дека истиот ден семејството пристигнало на Менхетен од Барселона.

Идентитетот на пилотот останува непознат, а причината за падот е под истрага.

Прочитај повеќе...

Хроника

Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

Објавено пред

на

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот  Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1  од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 часа

„Сите за Кочани – Трчаме заедно!“ – „Денот на Европа“ со хуманитарна трка во седум македонски градови, наменета за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа” со организирање на...

Занимливости3 часа

Светскиот гигант „Google“ ќе ги враќа вработените во своите канцеларии, работењето од дома ќе стане минато

Технолошкиот гигант „Google“ на голем број вработени им издаде соопштение во кое се бара истите да се вратат во канцеларија...

Македонија5 часа

Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати, ова е новата цена!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за понеделник (28 април)

ОВЕН Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а...

Скопје22 часа

СВР Скопје изрече 96 санкции, 41 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената

Денеска (27.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 08:30 до 16:00...

Спорт23 часа

ФФМ со експресно соопштение ја извести јавноста во врска со случајот ФК Гостивар

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и...

Здравје и убавина1 ден

Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“

Вчера во НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“ – „Писмо дојде“ со...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (27 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Кичево2 дена

ОВР Кичево во текот на вчерашниот ден со полни раце работа!

На 25.04.2025 во 23.50 часот во угостителски објект  на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги приведоа...

НАЈЧИТАНИ