Спорт
(ВИДЕО) Судиската организација во ФФМ создаде најсовремена алатка за проценка на способноста на судиите за носење на правилна одлука под притисок

На есенскиот фитнес семинар за главни и асистенти судии кој Фудбалската федерација на Македонија го организираше минатата недела, за прв пат во фудбалската историја воопшто, беше спроведен комплетно автоматизиран тест кој интегрира високо интензивно трчање со донесување и анализа на судиска одлука.
Тестот кој беше имплементиран, всушност е иновација во фудбалското судење. Судиите кои беа дел од семинарот, станаа пионери во користењето на технологија, која дополнително ќе им помогне за подобро донесување одлуки во клучните моменти од натпреварите.
Во овој комплексен тест кој опфаќа звучни сигнали, видео клипови, апликација за донесување и анализа на одлука, прецизно движење во терен и други фактори, комплетно и отстрането човечкото влијание.
Судиите како и на натпревар потребно е навремено и оптимално да се позиционираат после одреден полигон до поставените екрани за да имаат можност да го видат видеото (инцидентот) кое автоматски стартува на одреден временски интервал.
По краткото видео кој се прикажува само еднаш, судиите е потребно во два наврати да донесат одлука:
првично преку мобилна апликација (која беше развивана во последните 15 месеци тука во Македонија и сега е надградена со дополнителни аналитички функции и се користи за потребите на УЕФА) со инстантни повратни информации, и втор пат користејќи ги картоните, реплицирајќи го процесот за време на вистински натпревар.
Сите одлуки се анализираат во рок од неколку минути по завршувањето на тестот, обезбедувајќи детален резултат на точни одговори за секој судија, придружени со соодветните видеоклипови. Видеоклиповите со поголем процент на неточни одговори веднаш се прегледуваат со технички инструктори и се дискутираат со судиите.
Фудбалската Федерација на Македонија преку националниот фитнес тренер интензивно учествуваше во УЕФА за креирањето на овој вид на тестирање кој претставува најсовремена алатка за проценка на способноста на фудбалските судии за донесување на правилна одлука под притисок, известуваат за јавноста од ФФМ.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија4 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете