Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Трајковски очекува одличен тест-меч против Хрватска

Објавено пред

на

ФФМ

Очекувам одличен натпревар во Ријека, Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации.

„Сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа“, за јавноста истакна Александар Трајковски

Спорт

Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Србија во Скопје

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.

Во еден возбудлив, интересен и отворен натпревар со многу голови, противникот успеа да забележи победа со 4:2.

Репрезентацијата на Србија фуриозно го отвори натпреварот и по првите 25. минути имаше убедлива предност од 3:0. Данило во 2. минута од пенал го доведува противникот во предност од 1:0. Во 16. минута истиот играч постигнува нов погодок. Во 25. минута Кикиќ се запишува во листа на стрелците за убедливо водство на Србија од 3:0.

Нашите млади фудбалери по почетниот шок успеаа да ги консолидираат своите редови и во продолжението од првиот дел успеаа во краток рок од три минути да постигнат два погодоци со што ја вратија незивесноста на овој натпревар. Најпрво Спировски во 28. минута ја намали предноста, а во 31. минута и Ристиќ погоди за намалување на резултатот на 3:2.

Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше да го израмни резултатот, но не успеаа да постигне уште еден гол во противничката мрежа. Србија преку Исаков во 90. минута ги постави конечните 4:2.

Контролен натпревар во Скопје;

Репрезентации до 15 години;

Македонија – Србија   2:4 (2:3)

Македонија: Димитар Петров (г), Кристијан Нелоски, Михајло Павлов, Матеј Бочески, Матеја Масев, Амар Акики, Лука Спироски, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Павел Стојанов, Марин Крстевски;

/ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на годишната УЕФА работилница во Белград

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија со свои претставници учествуваше на годишната работилница за клупско лиценцирање во Белград организирана од УЕФА.

Системите за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се еден од важните сегменти во европскиот фудбал. Нивната цел е дополнително да го промовираат и континуирано да го подигаат стандардот на фудбалот, не само од аспект на играта. Исто така, битна е заштитата и долгорочната одржливост  на клупскиот фудбал во машка и женска конкуренција.

Како дел од тековната поддршка на УЕФА за имплементација на лиценцирање на клубови и финансиска одржливост, оваа година, годишната конференција на УЕФА за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се одржа во Белград.

На настанот присуствуваа даватели на лиценца од сите 55. национални асоцијации и други фудбалски соработници. Годишната конференција е одлична платформа за размена на искуства  и дискусија, адресирајќи ги најновите промени во регулаторната рамка, обезбедувајќи ажурирања на системот и нудејќи можност за споделување на најдобрите практики и информации поврзани со европскиот клупски фудбал.
Како дел од темите кои се дискутираа беа: финансиска одржливост, клупски мониторинг, женски фудбал, таленти и натпреварувања, комуникации, солидарна шема за клубови кои не се дел од натпреварувањата, социјална одговорност и одржливост.

Фудбалската федерација на Македонија на годишната конференција на УЕФА беше претставувана од Горанчо Костовски – лиценцен менаџер, Александра Ѓурчиновска – заменик лиценцен менаџер, Александар Спасовски – експерт по финансиски критериуми и Александар Најдовски – претседател на Комисија за лиценцирање, известуваат од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ ги информира фудбалските клубови за субвенции во областа на спортот за 2024, рокот за пријавување е уште десет дена

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите за почетокот на реализацијата на програмата – субвенции од областа на спортот за 2024 година која се реализира преку Министерството за спорт.

Во продолжение може да ги преземете потребните обрасци за односната програма. Истите е потребно да се пополнат и заедно со бараните прилози, потребно е да се достават до Министерството за спорт најдоцна до 14. ноември 2024 година.

Доставените пополнети обрасци и бараните прилози се сметаат за предуслов кој се однесува на започнување на постапката за утврдување на исполнетоста на критериумите за распределба на средствата од Програмата.

Исполнетоста на критериумите ги утврдува Министерството за спорт.

Корисниците на средствата кои не ги исполниле односните критериуми или пополнетите Обрасци и прилози ги доставиле надвор од предвидениот рок, нема да бидат земени предвид при распределба на предметните средства.

Динамиката на исплата на средствата ќе се одвива по утврдувањето за исполнетоста на критериумите од страна на Министерството за спорт по тековен принцип, а не кумулативно. Ова значи дека за корисниците кои први ќе ја достават потребната документација и за кои се утврдило дека ги исполниле критериумите, веднаш ќе започне постапката за исплата на средствата.

Во продолжение превземете ги официјалните документи за „Допис до НСФ“ – Субвенции 2024 – ТУКА, како и образецот за клубови – ТУКА, предмалку соопшти за јавноста Фудбалската федерација преку своето гласило.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за среда (6 ноември)

ОВЕН Самоувереноста и надмениот став ја иритираат околината која веќе некое време има трпение за сите гафови кои  сте ги...

Спорт10 часа

Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Србија во Скопје

Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, го одигра првиот од двата...

Македонија10 часа

До крајот на неделата особено наутро студено со температури и под нулата, додека по котлините магливо!

Територијата на Македонија се до крајот на оваа недела ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој постојано...

Спорт14 часа

Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на годишната УЕФА работилница во Белград

Фудбалската федерација на Македонија со свои претставници учествуваше на годишната работилница за клупско лиценцирање во Белград организирана од УЕФА. Системите...

Lifestyle18 часа

Шест работи кои можат да ги оштетат нашите бубрези

Бубрезите обработуваат сè што внесуваме, вклучително и масти, сол и шеќер, кои може да доведат до висок крвен притисок, дебелина...

Магазин18 часа

Threads би можел да го симне X од тронот

Социјалната мрежа Threads достигна 275 милиони активни корисници месечно, објави извршниот директор на Meta за Threads и Instagram, Адам Мосери....

Магазин18 часа

Евтиниот преклоплив телефон на Samsung конечно доаѓа?

Се појавуваат нови гласини дека Samsung планира да лансира поприфатлив преклоплив телефон од серијата Z, но овој пат, најверојатно нема...

Автомобили18 часа

Volkswagen најавува затворање на фабрики во Германија

Volkswagen планира затворање на најмалку три фабрики во Германија и значителни отпуштања како дел од неопходен реструктурирање. Компанијата соопшти дека...

Кичево18 часа

(ГАЛЕРИЈА) „Enigma Rock Night vol. 2“ – вечер преполна со моќниот рок звук на Кичевчани

Во саботата, на 2 ноември 2024 година, домот на култура „Кочо Рацин“ во Кичево се претвори во вистински храм на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (5 ноември)

ОВЕН ЉУБОВ: Вашето движење меѓу луѓето ќе биде поинтензивно. Така ќе имате можности за сретнување и запознавање нови луѓе. Комуникацијата...

НАЈЧИТАНИ