Кичево
(ВИДЕО) ТВ21 од Кичево: Никој не ги довршува реконструкциите на улиците кои беа започнати пред неколку месеци

Пред последните локални избори почнаа градежните активности за реконструкција на улицата и водоводната мрежа во населбата Ужичка во Кичево. Беше раскопан патот, отворен водоводниот канал, но оттогаш не е преземено ништо повеќе! Жителите се жалат дека си ги уништуваат возилата и дека е опасно да пешачат по таква улица.
Во близина на железничката пруга има бетониран канал полн со вода и отпад од кој се шири непријатна реа.
Месната заедница неколкупати побарала да се изнајде решение за овој проблем, но како што велат, надлежните не преземаат ништо.
Истата ситуација е и со ул. „Борис Кидрич“ за која граѓаните секојдневно апелираат дека условите за поминување преку таа делница се катастрофални поготово во зимски период на снег и дожд.
Во продолжение погледнете го прилогот на ТВ21 и новинарката Салије Садику.
Повеќе ќе прочитате на официјалната статија од ТВ21 ТУКА
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јуни)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија3 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!