Следете не

Свет

(ВИДЕО) Вчера автобус излетал од автопат во Турција, како што известија турските медиуми има и жртви

Објавено пред

на

Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени по тешката автобуска несреќа која се случила денеска во близина на турскиот град Истанбул.

Патничкиот автобус сообраќал на релација Черкезкој – Ајдин излетал од патот и слетал во провалија длабока 30 метри на автопатот Кузеј – Мармара.

Агенцијата Анадолија пренесува дека животот го загубиле најмалку двајца патници, додека „Дејли Сабах“ пренесува за три загинати, а 18 повредени. Во автобусот во моментот на несреќата имало повеќе од 20 лица.

Во моментот на несреќата условите на патот биле отежнати, односно имало голомразица и снег, па тоа може да биде една од причините за оваа несреќа.

ФОТО/ВИДЕО: printscreen – TV100

Текст: Шило Магазин

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија6 часа

(ВИДЕО) „DJI“ официјално го претстави својот нов дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 PRO

Предмалку реномираната „DJI“ го претстави новиот дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 Pro кој практично претставува ново ниво...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили9 часа

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин9 часа

Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате

iOS 26 носи свежи можности и визуелни подобрувања за iPhone, но голем дел од нив не се активираат автоматски –...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин9 часа

Samsung го претстави One UI 8 – еве кога Galaxy уредите ќе го добијат ажурирањето

Samsung Electronics официјално го претстави One UI 8, новата верзија на својот кориснички интерфејс која носи напредни мултимодални можности со...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин9 часа

YouTube ја воведе повеќејазичната аудио функција – креаторите добиваат глобален досег

По двегодишна пилот-програма, YouTube официјално ја лансира повеќејазичната аудио функција, овозможувајќи им на милиони креатори да додаваат синхронизација на своите...

Музика12 часа

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови...

Временска прогноза13 часа

Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за среда (17 септември)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

Македонија1 ден

„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото годишно рангирање според Индексот на активна транспарентност – мерка која ја оценува отвореноста...

НАЈЧИТАНИ