Македонија
Викенд акциска за брзина, денес дури 153 санкционирани возачи
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2021/09/mvr_patrola1-scaled.jpg)
Денеска (03.04.2022) на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 153 возачи.
Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 86 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/07/fb_img_1721923959742.jpg)
Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, за доаѓање на манифестација во Крушево на ден 01 и 02.08.2024 година треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево, известуваат од МВР.
Македонија
Од ноќеска нова намалена цена на горивата
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2020/10/lukoil-kicevo2020_portamk.jpeg)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.
Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2020/03/mvr_yeti.jpg)
На подрачјето на СВР Скопје изминатиов период регистрирани се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани веднаш да пријават во полиција, истакнаа од МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 јули)
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (27 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои
-
Македонија1 ден
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
-
Спорт2 дена
Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига
-
Балкан6 часа
Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола
-
Технологија1 ден
Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?