Временска прогноза
Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег
Викендот што ни претстои, територијата на нашата Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните предели (локално околу 20 литри воден талог на метар квадратен).
Во сабота на планините, а во недела особено попладне и на повисоките места со надморска височина од, па и под 1000 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, а на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми. Што значи во нашиот регион, често популарните превои ќе бидат сигурно под снежна покривка, со оглед на тоа дека нивната висина е од 900 до 1212 н.м.в.
Во недела доцна попладне и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, кој ќе продолжи и во понеделник (16 декември). Поради дополнителното заладување, доцна вечерта и ноќта недела кон понеделник повремен снег ќе има и во градовите, особено во западните и во северните предели од Македонија.
Што се однесува до Скопскиот регион, овој бран ќе донесе врнежи од дожд, а на околните планини ќе има врнежи од снег. Во недела, особено попладне и вечерта послаби врнежи од снег се можни и во повисоките предели од котлината, а ноќта недела кон понеделник по некоја снегулка може да провее и во пониските предели од Скопската котлина (ништо посебно).
Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, меѓутоа, во недела навечер и ноќта кон понеделник дополнително тие ќе опаднат и до понеделник наутро ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1, додека на повисоките планински места тие се очекува да се спуштат до околу, па и под -10 степени.
Особено студен ден и без врнежи, но и доста ветровит ќе биде понеделник 16 Декември, кога максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени, додека на повисоките места и на планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри тие ќе останат под нулата, информира Славчо Попоски
Попоски: Апелирам, доколку патувате овој викенд низ планинските превои, да бидете крајно внимателни, и тоа поради очекуваните нови врнежи од снег кои би можеле да создаваат нови проблеми низ патиштата.
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево18 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура22 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија12 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп9 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин21 часГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
