Македонија
Викендов сообраќајот Кочани-Пониква ќе биде временски затворен поради одржување на меѓународен авто натпревар
Од АМСМ известуваат дека поради одржување на меѓународен авто натпревар на 14.05 (сабота) и 15.05 (недела), патниот правец Кочани – Пониква ќе биде затворен за сообраќај и двата дена од 11:00 до 16:00 часот.
Инаку според извори од град Кочани, трката на Пониква се бодува за Државното првенство на Македонија во автомобилизам на ридски патеки и за ФИА Централна Европска Зона.
Додека, за време на трките патниот правец кон СРЦ Пониква ќе биде затворен за сообраќај веќе во 10 часот, велат тамошните медиуми.
Македонија
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!
Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен талент, позитивна енергија која зрачеше од миг во миг и секогаш со љубов за сите.
Уметникот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.
Нашиот Тоше позади себе остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.
И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.
Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!
Македонија
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(36) од Република Турција, поради тоа што околу 01.30 часот бил забележан како со патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти, петмина од Египет и едно лице од Сирија. При даден знак од полициските службеници, Ј.Т. не застанал, но по преземени мерки возилото е сопрено во близина на клучката Прдејци кон селото Кованец, гевгелиско.
По целосно документирање на случајот против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка, истакнаа од МВР.
Македонија
На гранична линија со Грција приведен 23-годишник од Бангладеш, фатен бил со група од осум мигранти од Непал
На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, информира МВР.
-
Кичево2 дена
Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање
-
Lifestyle2 дена
Кардиолозите предупредуваат: Ова е најштетниот вид кафе за вашето срце
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
-
Lifestyle2 дена
Внимателно со киселата зелка: Кои се ризиците за здравјето?
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (24 јануари)
-
Македонија19 часа
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Социјални мрежи15 часа
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари