Временска прогноза
Викендов вакво време не очекува, детали и за првите денови од следната недела..

За време на овој викенд ќе имаме повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Денес ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието
повремено засилен ветер од северен правец. Сепак температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, додека мало опаѓање на температурите ќе има од утре кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Потоа во првите денови од следната недела и понатаму ќе имаме повеќе облачност, а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, и тоа особено во западните предели. Повеќе сончеви периоди ќе имаме од средината на неделата.
Температурите во првите денови од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека потоа ќе бележат тенденција на пораст и во најтоплите предели.
Кон крајот на работната недела не се исклучува можноста максималните температури да се искачат до околу 20 степени, што значи дека ќе бидеме под влијание на топол бран од југ – известува Славчо Попоски за еспресо.мк
Временска прогноза
Предвреме летни температури, ова се најновите детали

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа од утре па во следните денови во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град.
Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашата држава остануваат МНОГУ ВИСОКИ и натпросечни за овој период од годината.
Мал пад на истите се очекува во понеделник, но потоа повторно ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава температурите се очекува да се искачат дури и над 35 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Шпанија се подготвува за температури од 42 степени

Температурите во делови од јужна Шпанија утре ќе надминат 42 степени, додека топлотниот бран со „вонреден интензитет“ ќе донесе правливо небо, зголемен ризик од шумски пожари и топли услови кои се почести во средината на летото отколку во средината на мај.
Шпанската влада започна национален план за екстремни температури, откако метеоролошката агенција Аемет предупреди дека овој мај во Шпанија ќе биде еден од најтоплите во изминатите неколку години, објави „Гардијан“.
Аемет додаде дека воздушната маса на топол и сув воздух пристигнува од Африка, а со себе носи прашина од Сахара и „исклучително високи“ дневни температури, кои се за 10 до 15 степени над сезонскиот просек.
„Најновите податоци од метеоролошките модели го потврдуваат силниот интензитет на овој топлотен бран“, изјави портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо.
Тој додаде дека за Шпанија ова може да биде најинтензивниот топлотен бран во мај во последните 20 години.
Најтопло ќе бидат петок и сабота, а потоа во недела ќе има голем пад на температурата.
Метеорологот соопшти дека температурите во Андалузиската долина денеска би можеле да надминат 40, а утре 42 степени.
„Дури и топлотниот бран да се смири некаде, во североисточната долина Ебро повторно би можеле да се измерат температури од 40 или повеќе степени. Тоа е нешто што не е забележано во овој период“, додаде Дел Кампо.
Шпанија ја забележа најтоплата температура досега во август, кога живата во термометарот во градот Монторо во Андалузија достигна 47,4 степени.
Дел Кампо ги предупреди граѓаните на „екстремен ризик“ од шумски пожари во јужните, централните и североисточните области и рече дека очекуваат нов облак од прашина.
„Се соочуваме со екстремна епизода и ризикот од високи температури ќе биде изразен во многу области“, рече Дел Кампо.
/rtv.rs/
Временска прогноза
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, утре ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево време, додека во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и тоа поради продорот на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка во нашата држава, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
-
Кичево22 часа
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (20 мај)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Временска прогноза1 ден
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места
-
Магазин2 дена
WhatsApp спреми големо ажурирање
-
Кичево2 дена
15 Години Conquering Lion во Република 96250
-
Спорт9 часа
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија
-
Магазин2 дена
Вештачката интелигенција е поистоветена со човечката интелигенција