Следете не

Временска прогноза

Викендов вистинско лето, од вторник нова поголема промена на времето и есенски температури, ова се најновите детали..

Објавено пред

на

За време на овој викенд нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните температури повторно ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје максималната температура за време на овој викенд ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа во понеделник времето ќе се задржи претежно стабилно и суво, иако попладне и навечер не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи.

– Од вторник кај нас се очекува НОВА ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето и ВИСТИНСКА ЕСЕН. Попладнето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град, додека од среда, па се до петок времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Одсега гледано, за време на следниот викенд повторно ќе имаме стабилно, суво и сончево време, но со просечни температури за овој дел од годината.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.

Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.

Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин6 минути

Sora, генератор на видео со вештачка интелигенција, ќе биде јавно достапен за неколку месеци

OpenAI Sora, видео генератор базиран на вештачка интелигенција, привлече голем интерес од неговото претставување, но сè уште не е достапен...

Магазин1 час

Хакери тврдат дека украле податоци од корисниците на Viber

Хандала Хак, пропалестинска хакерска група, тврди дека го хакирала Viber и бара компензација. Хакерите на нивниот канал Telegram објавија дека...

Магазин1 час

Nvidia го објави својот најмоќен чип со вештачка интелигенција досега: „Ни требаат поголеми графички процесори“

Nvidia има за цел да ја зацврсти својата позиција како главен снабдувач на компаниите кои се занимаваат со вештачка интелигенција...

Култура1 час

Netflix ја враќа Black Mirror во 2025 година

Седмата сезона на Black Mirror е на пат. Netflix потврди дека научно-фантастичната антологија на Чарли Брукер ќе се врати во...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за вторник (19 март)

ОВЕН Овен, имате за што да бидете благодарни. Зошто не го прославите тоа вечерва со пријателите? Заборавете на проблемите со...

Кичево14 часа

(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“

Предмалку во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево заврши гламурозната модна ревија со рециклирани материјали насловена како „Eco Fashion Show“, благодарение...

Магазин1 ден

Новото истражување покажа невообичаени последици од борбата против пиратеријата

Заканувачките пораки против дигиталната пиратерија може да имаат необични резултати, нагласувајќи ја потребата од приспособени пристапи, покажа новото истражување. Една...

Магазин1 ден

Најавена е соработка на два гиганти: вештачката интелигенција на Google наскоро ќе се најде и на iPhone

Акциите на Alphabet пораснаа за 2,7% во почетокот на тргувањето во понеделникот, по веста дека технолошкиот гигант Apple преговара за...

Магазин1 ден

Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција

Италија планира да формира инвестициски фонд со почетна инвестиција од 1 милијарда евра. Италија сака да промовира проекти за вештачка...

Магазин1 ден

Google Wallet наскоро ќе поддржува Apple Pass

Поддршката за пропусници со формат „pkpass“ на Apple за паричниците на Google Wallet наскоро би можела да стане поедноставна, што...

НАЈЧИТАНИ