Кичево
О.О.У „Др Владимир Полежиноски“ од Кичево истакна е-прашалник за упис на првачиња за 2022/2023

О.О.У. „Др Владимир Полежиноски“ истакна официјален прашалник преку електронски пат, каде одговарајќи на прашањата сите родители можат да искажат свој интерес за тековните уписи на своите дечиња.
Формуларот може да се пополнува веднаш а уписите ќе започнат од 03.05.2022 година и ќе траат до 31.05.2022 година.
– Пријавувањето на Вашите деца можете да го вршите во консултација со службите во нашето училиште, кое директно ќе Ви помогне во прибирање на неопходните документи кои се пропишани со закон, велат од Основното училиште.
Прашалникот е веќе активен и може да се погледне ТУКА
Кичево
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта

ТППЕ Кичево и денес со полни раце работа, имено како што известуваат до нашиот медиум, околу 17ч добиле повик за итна интервенција во кичевското село Челопеци, каде горела површина со стрништа лоцирана близу до куќите.
Со едно противпожарно возило и четири пожарникари за среќа истиот бил брзо санкциониран.
Апел за поголемо внимание!
Кичево
Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“

Викендов во Кичево, Секторот за внатрешни работи Охрид и ОВР Кичево, ја реализираа превентивната кампања „Соседска патрола“.
Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, од Советот на родители, новинари/медиуми и други претставници, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2025“, во Кичево, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.
Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.

СВР Охрид / ОВР Кичево и претставници на медиумите
Практично мотивот е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за угостителска дејност и сл, за Порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Вчера официјално заврши дводневниот музички настан во Кичево, каде домашните музички имиња беа дел од одличните гала вечери!

Вчера и официјално се реализира и завршната гала концертна вечер во Кичево. „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски & „The Twins“, Тоше Анѓелески, Распеани Кичевчани и Дарко Танески „Трубачко“ повторно ја разгорија сцената.
Упатуваме благодарност до сите посетители, да се надеваме дека традицијата ќе продолжи!
Мал дел фотогалерија преку објективот на Александар Тасески „Ace Records“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за петок (8 август)
-
Спорт2 дена
Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал
-
Македонија23 часа
МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах
-
Македонија19 часа
РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој
-
Lifestyle1 ден
Пет додатоци во исхраната што никогаш не треба да ги земате со кафе
-
Култура3 часа
Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка
-
Автомобили1 ден
Mercedes G-класата собори рекорд: произведен 600.000 примерок