Временска прогноза
Влажна и нестабилна воздушна маса денес носи локална облачност проследена со пороен дожд
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на денешниот ден, особено во попладневните часови се очекува зголемена облачност. Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а услови за локална нестабилност понекаде ќе има уште во претпладневните часови.
Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, појава на град и силни електрични празнења, па затоа во ваква ситуација на граѓните ги ПРЕДУПРЕДУВАМЕ да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ.
Максималните температури денес ќе бидат за 3 до 4 степени пониски од денес и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град ќе има и во делови од Скопската котлина, каде утре температурата ќе се искачи до околу 35 степени.
Потоа од утре повторно следува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет.
Температурите во четврток ќе бидат околу просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Кичево4 часа
Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево17 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Кичево1 ден
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Кичево2 дена
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
-
Спорт15 часа
Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории
-
Магазин1 ден
Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес