Временска прогноза
Влажна и нестабилна воздушна маса во пладневните часови ќе резултира со дожд, грмежи и засилен ветер – ова се најновите метео вести

Во следните денови под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса особено од пладневните часови па натаму на многу места низ Македонија ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НОВО НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ и ги повикуваме надлежните да бидат подготвени за истото.
Температурите денес како и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Опасност од појава на НЕВРЕМЕ ќе има и во делови од Скопската котлина, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. И во Скопскиот регион викендов ќе имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, како и негово повремено засилување на интензитет.
Сепак, поради продор на поладен воздух од север на висина, утре (недела 6 јули) во попладневните часови ќе имаме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), силни електрични празнења и со услови за појава на град кој би можел да биде и покрупен.
Ваквите поинтензивни атмосферски процеси особено ќе ги има во планинските предели.
Што се однесува до температурите, тие викендов и понатаму насекаде низ нашата Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие локално повторно ќе надминуваат 40 степени. И во Скопје и околината температурата викендов ќе достигне до околу 40 степени, или ќе надминува 40 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам, осоебно оние повозрасните граѓани без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).
Исто така, на граѓаните ги советувам да пијат и повеќе течности за време на овие големи летни горештини, утрово информираше Славчо Попоски
-
Кичево18 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Кичево2 дена
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Македонија2 дена
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Lifestyle1 ден
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Македонија2 дена
Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува