Следете не

Временска прогноза

Влегуваме во сѐ понестабилна атмосфера и нова дестабилизација на времето која носи интензивен дожд, силен ветер и електрични празнења

Објавено пред

на

Под влијание на многу топла, но и нестабилна воздушна маса од југ (северните предели на Африка), во Македонија продолжува многу топлото време со натпросечно високи температури на воздухот. Сепак Атмосферата ќе биде се повеќе нестабилна.

Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен.

Во случај на појава на невреме, како и на силни електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни и да не претстојуваат на отворен простор, како и под осамени дрвја.

Температурите остануваат без поголеми промени на сегашните и на повеќе места ќе се искачуваат до 35 степени, понекаде и над 35 степени, а во централните и во југоисточните предели тие ќе достигнат до околу 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8). Поради високата вредност на Ув индексот, исто така апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Во Скопскиот регион исто така ќе има услови за локална нестабилност, но и за појава на локално невреме. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.

Позначително освежување на времето барем одсега гледано ќе имаме следната седмица, односно од следната среда, тогаш овој топлотен бран ќе го напушти целиот регион, како и Македонија, пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски: Променливо, постудено со дожд и снег, детали за времето во следната седмица

Објавено пред

на

Во новата седмица која што ни претстои во Македонија ќе имаме многу промелниво и постудено време за разлика од сега, и тоа поради продорот на постудена воздушна маса од север. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, особено од вторник па во деновите потоа.

На планините над 1600 –  1700 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Особено од средината на седмицата снежната граница ќе се спушта, со што провејување на снег би можело да има и на повисоките населени места низ државава. 

Врнежите кои се очекуваат ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Температурите позначително ќе се намалат, и наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а локално и под нулата. Максималните дневни температури на воздухот исто така ќе бидат значително пониски за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.

Во Скопје исто така очекуваме локален дожд во новата седмица и значително постудено време.

На околните планини повремено ќе има услови за провејување на снег, наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -2 до 3 степени, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени, за Порта пишува нашиот метеоролог и еден од најдобрите во Македонија, Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа

Објавено пред

на

Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите за многу кратко време). Најпрво следува големо затоплување на времето, како и продор на топла воздушна маса од југ, а многу набрзо и голем продор на поларниот вртлог од север.

На први декември, кога почнува климатолошката зима ќе имаме вистински пролетен ден, со пролетни температури на воздухот, иако ветерот од јужен правец нема да ни фали. Односно ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Најтопло ќе биде во Босна и Херцеговина, Хрватска, како и во соседна Србија и таму понекаде температурите ќе се искачат дури до 22 степени.

Кај нас во Македонија во петок и во сабота во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до 18 степени. Натпросечно високи и позитивни ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.

Како што претходно најавивме, ова затоплување нема да трае многу долго.

Веќе од недела на Балканот пристигнува нов голем продор на поларниоит вртлог од север, во регионот барем според моменталните анализи се очекуваат нови врнежи од снег, како и нова снежна покривка. Кај нас врнежи ќе има во недела и тие ќе бидат од дожд на пониските места, како и од снег на планинските места и на Скијачките центри.

Од недела теммпературите значително ќе се намалат и ветерот од јужен, ќе се промени во северен правец.

Температурната разлика ќе биде огромна, се очекува температурна разлика дури и за повеќе од 20 степени за многу кратко време. Во земјите од регионот, температурите од недела наутро понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, а минусни температури понекаде ќе има и преку ден.

Кај нас овој продор на поларниот вртлог барем одсега гледано, нема премногу да се почувствува и температурите на воздухот ќе останат позитивни, освен на високите планини каде тие ќе бидат под нулата.

  • Поради наглите големи температурни промени кои се очекуваат во следниот период, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми.

За Порта пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Балканот пред температурен шок, следува затоплување невообичаено за овој дел од годината, па повторно студено време..

Објавено пред

на

Балканот пред температурен шок: Најпрвин големо затоплување на времето, на повеќе места во регионот ќе се мерат температури до околу, па дури и над 20 степени, особено во петок и сабота.

Потоа следува нов продор на поларниот вртлог од север и повторно многу ниски температури на воздухот во Македонија со ова краткотрајно но големо затоплување се очекуваат температури до околу 17 степени, и тоа во најтоплите централни и југоисточни предели.

Со оваа голема температурна промена, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за понеделник (4 декември)

ОВЕН Конечно би можеле да донесете одлука што ја одложувате толку долго. Откако еднаш ќе пресечете и ќе го надминете...

Хроника10 часа

ТРАГЕДИЈА: Пронајдено безживотното тело на малата Вања, МВР истакна извештај

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје...

Временска прогноза16 часа

Попоски: Променливо, постудено со дожд и снег, детали за времето во следната седмица

Во новата седмица која што ни претстои во Македонија ќе имаме многу промелниво и постудено време за разлика од сега,...

Спорт19 часа

Истакнат распоред и термини за официјалните мечеви на соседна Србија за Европското првенство, во првиот меч игра против „пеколната“ Англија

UEFA ги објави и распоредите за сите натпревари на претстојното Европско првенство во Германија следната година. По ждрепката нашите соседи...

Спорт19 часа

(ВИДЕО) Дали голманот на германскиот Хамбург го даде најлудиот авто-гол на сезоната?

Се чини голманот на германскиот „Хамбург“ го даде најлудиот гол на сезоната, што ли се случи погледнете во продолжение: Доколку...

Култура1 ден

Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, нека е за многу години!

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (3 декември)

ОВЕН Пауза од работните обврски ќе се покажи како доста корисна. Оние кои се страдаат од некоја хронична болест конечно...

Македонија2 дена

Возило со миганти учествувало во сообраќајка кај Струмица, возачот и мигрантите избегале, па биле пронајдени..

На 01.12.2023 околу 08.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна...

Спорт2 дена

(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..

Денес во Кичево се одигра последното коло за оваа полусезона од детската лига на југо-западниот регион, каде екипата на „ФК...

Автомобили2 дена

(ВИДЕО) Маск го претстави долгоочекуваниот автомобил „Cybertruck“, неговата носивост на влечење ги надминува сите граници

Во четвртокот, Илон Маск го претстави долгоочекуваниот „Cybertruck“, футуристички дизајниран пикап за кој наводно веќе добил милион резервации. Американскиот милијардер...

НАЈЧИТАНИ