Спорт
Влезниците за фудбалскиот меч на гостински терен помеѓу Англија и Македонија можат да се купуваат до 15. јуни, ова се информациите

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската А репрезентација и љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 19. јуни меѓу Англија – Македонија во Манчестер, дека платформата, односно линкот ТУКА за купување билети се затвора во четврток, 15. јуни.
Билетите се по цена од 30 и 40 британски фунти. Билети за лица со попреченост можат да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824
На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.
Важни напомени за посетителите на натпреварот:
- Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете тука
- Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.
- Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.
Спорт
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севиља со 1:0 на отворањето на 8.коло од Примера. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во вториот дел, а тоа всушност беше автогол на стоперот на гостинскиот тим Серхио Рамос во 76. минута.
Барселона имаше поголем посед и напаѓаше во текот на целиот натпревар, но тие напади често беа залудни.
Во првото полувреме Жоао Феликс ја пропушти најдобрата прилика кога од добра позиција ја погоди гредата, а во вториот дел по ударот со глава на Ламина Џамал, топката косо удри во ногата на Рамос и заврши зад Орјан Ниланд. .
По овој натпревар Барселона се врати на првото место на табелата во Примера, иако има натпревар повеќе од првите вицешампиони Жирона и Реал Мадрид кои играат меѓу себе во дербито на колото во сабота од 18:30 часот на стадионот „Монтилви“ во Каталонија.
Највозбудливите моменти може да ги прегледате во продолжение:
Спорт
Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал

Од „Куќа на фудбалот“ за медиумите истакнаа дека е реализирано извлекувањето и со тоа беше одреден распоредот на мечеви за натпреварувачката сезона 2023/24 во Првата македонска футсал лига.
Паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал се:
- КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 – КМФ КАРАДАКУ
- КМФ ШКУПИ 1927 – КМФ ОСОГОВО 2022
- КМФ ЦРНА РЕКА – КМФ ФОРЦА 2015
- КМФ КЛИМИ – КМФ БУТЕЛ 2020
- КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ – КМФ КЕГИ МОБИ
Во продолжение, распоредот на натпревари за сезоната 2023/2024 може да ги проследите на официјалниот линк ТУКА
Спорт
На денешната седница на Управниот одбор при ФФМ одлучено да продолжи поддршката на училишниот спорт за најмладите како и формирање на совет за едукација на тренери

На денешната седница на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– У.О. на ФФМ го донесе Правилникот за работа на Центарот за едукација за тренери при Фудбалската федерација на Македонија;
– У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање на наставен совет на Центарот за едукација за тренери, а највисокото тело на ФФМ, исто така донесе одлука, проф. д-р Небојша Марковски да ја извршува функцијата директор на Центарот за едукација на тренери и во следните четири години.
– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи со поддршка (финансиска и логистичка) на проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“, заедно со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот се опфатени 80 основни училишта во Македонија и повеќе од 6000 деца од второ до петто одделение кои тренираат фудбал во текот на целата школска година.
– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи да дава поддршка за проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ се вклучени 30 основни училишта во Македонија и повеќе од 600 девојчиња од четврто и петто одделение.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Хороскоп18 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза2 дена
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Временска прогноза2 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 30 септември