Македонија
Во Дебар затворен објект со „пломба“ поради не почитување времени мерки и протоколи за заштита на население од Ковид-19
Вчера на 15.05.2021 во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар.
При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул.„8 Септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19. Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба.
За случајот е запознат Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
Извор: МВР / Дневен билтен за медиуми
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Кичево14 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина15 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
