Свет
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
Во Италија стапи на сила новиот Закон за патишта. Овој закон, предложен од министерот за транспорт, Матео Салвини, ги заострува казните за користење на мобилни телефони при возење и возење под дејство на алкохол во обид да се спречат сообраќајни несреќи.
Законот ги зголеми казните за користење мобилни телефони за време на возење, во износ од 250 до 1.000 евра и еднонеделна забрана за возење доколку возачот веќе има негативни бодови, пренесе Анса.
Според новиот закон, тримесечна забрана за возење и глоба од 1.400 евра може да се изрече на возачите кои ќе го повторат прекршокот. Казните за возење под дејство на алкохол се движат од 573 до 2.170 евра и одземање на дозволата од три до шест месеци доколку нивото на алкохол во крвта е меѓу 0,5 и 0,8 промили.
На возачите со ниво на алкохол во крвта од 0,8 до 1,5 промили им се заканува парична казна до 3.200 евра, забрана за возење од шест месеци до една година и затворска казна од шест месеци. Доколку алкохолот е поголем од 1,5 промили, казната може да достигне и до 6.000 евра, тоа значи забрана за управување со возило до две години и затворска казна до една година.
Лицата фатени како возат под дејство на дрога се соочуваат со забрана до три години. Според новиот закон, луѓето кои ги напуштаат животните на страната на патот се соочуваат со губење на лиценцата меѓу шест месеци и една година.
Тие ризикуваат и седум години затвор доколку несреќата ја предизвика напуштено животно.
Извор: b92.net
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
Свет
Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.
„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.
„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево11 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп8 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина12 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
