Кичево
Во Кичево и дел од околните села во четврток и петок ќе се врши дезинсекција против комарци

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола преку нашиот медиум ги известува граѓаните дека во деновите 23.06.2022 (четврток) и 24.06.2022 (петок), екипа на ЦЈЗ Битола ќе спроведува превентивно теристичко (од земја) дезинсекционо третирање за заштита од комарците. Запрашувањето е предвидено да се врши во периодот од 20:00 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Во првата фаза од дезинсекцијата ќе бидат опфатени 800 хектари на следните локации: Град Кичево, Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини од градот, подрачјата по течениот на реките и водотоците, застојните води, подрачјата околу канални системи на територијата од Општината, урбани населби и локалитети регистрирани во договор со Локалната самоуправа, како потенцијални жаришта за развој и размножување на комарците.
Ова третирање ќе се изведува со препаратот „AQUA K-OTHRINE“ со активна супстанца „DELTAMETRIN“ широко појасен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.
* Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања Центарот за јавно здравје Битола ви стои на располагање преку броевите: 047/208-100, 047/208-120
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево1 ден
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево8 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (2 јули) – сабота
-
Кичево5 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места