Хроника
Во Кичево на магистралниот пат се случила тешка сообраќајна несреќа, излетало возило
Предмалку тешка сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кружен тек.
Од за сега неофицијални извори дознаваме дека се работи за еден учесник со пмв. волксфаген со кичевски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот во населено место веднаш до патот.
Екипи на ОВР Кичево и Медицински центар се веќе на терен и интервенираат.
Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден, додека очевидци за Порта.мк сведочат дека сликата била страшна, а возилото било скоро уништено.
– Апелираме за внимателно управување на автомобилите, како и придржување, односно прилагодување на брзината на возење према поставената патна сообраќајна сигнализација како и условите на патот.
* Дополнето од денешниот билтен на СВР Охрид, учесникот во сообраќајката за жал починал:
– Патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.А.(22) од с.Туин, кичевско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево1 денПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за среда (17 декември)
-
Кичево4 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Култура9 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Здравје и убавина1 денНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин7 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
-
Спорт10 часа„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
