Кичево
Во Кичево зачестуваат нападите од кучиња скитници, вчера евидентирани два

Вчера на 13.12.2021 година, И.С.(25) од Кичево во надлежната полициска станица пријавила дека во кругот на Железничката станица во Кичево, била касната од куче скитник.
Истиот ден, Е.Ф.(31) од Кичево пријавил дека на улицата „Партизански одреди“ во Кичево бил каснат од куче скитник – известува портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски
Кичево
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани

Денес во Општина Кичево, се одржа комеморативна седница во проширен состав за кобната несреќа во Кочани.
Со едногласна одлука советот изгласа одобрување на финансиски средства од 600,000 денари за финансиска помош за трагичниот настан.
Сочувство до семејствата на настраданите и лесно закрепнување на повредените.
Господ на помош на сите, стои во интегралното соопштение на советник кој истото го истакна на социјалните мрежи.
Кичево
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00 часот во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево.
Сите треба молитвено да земеме учество и во мир да се помолиме за упокоение на душите на починатите, а за здравје на оние кои се лекуваат, затоа што само така се покажува христијанскиот мир и свесноста за преумување, истакнаа од кичевската парохија.
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
-
Македонија1 ден
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Македонија2 дена
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Временска прогноза2 дена
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура1 ден
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Македонија2 часа
Вкупно 17 лица приведени кои не почитувале денови на жалост во државата
-
Спорт2 дена
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Спорт21 час
Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани
-
Спорт2 дена
Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани