Кичево
Во кичевско село пронајдено возило барано по потерница, како и детали за синоќешната зајакната акциска контрола
На 05/06.02.2022 година, од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид, при извршени акциски сообраќајни контроли, полициските службеници контролирале 211 патнички моторни возила (Охрид-80, Струга-74, Кичево-25, Дебар-32) и затекнале 12 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-02, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
На 05.02.2022 година на локален пат во кичевското село Атишта, полициски службеници пронајдоа патничко моторно возило џип „Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, за кое, претходно беше распишана централна потерница за пронаоѓање. Увид на местото извршија полициски екипи, се преземаат мерки за расветлување на настанот..
Истиот ден 05.02.2022 година, С.А. (51) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево кил каснат од куче скитник
За порта.мк известува Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид
Кичево
ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во Кичево при што биле оштетени четири станови.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
На 14.12.2025 во 11:52 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улица „Ашим Мифтароски“ во кичевското село Другово настанал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(66) од истото село.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп19 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево5 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза20 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Спорт19 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија21 часОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима



