Спорт
Во „Куќа на фудбалот“ на седница на УО денес беа донесени важни одлуки, една е дека ќе се формира „Арбитражен суд“ обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу клубовите

На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оддржана денесдд 25. февруари беа донесени следните одлуки:
– Управниот одбор на ФФМ го усвои дневниот ред за Редовното изборно Генерално Собрание на ФФМ кое ќе се оддржи на 15. март 2025 година во Скопје;
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на Фудбалската федерација на Македонија. Целта на Арбитражниот суд е да обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу фудбалските чинители (клубови, фудбалери, тренери…итн.)
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за спроведување на целосна реформа на организациската структура на ФФМ, како и да побара овластување од делегатите на претстојното Собрание за промена на системот на натпреварување во сите категории
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да даде предлог на претстојното Собрание за отпочнување постапка за формирање на трговско друштво со цел комерцијализација / физичка продажба на официјални дресови, опрема и реквизити од Фудбалската федерација на Македонија
Извор: ФФМ
Спорт
Омерагиќ: Се гледаме во вторник на градски, приходите од влезниците ќе бидат за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста.
Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе.
Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.
– Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.
Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија.
– Се гледаме во вторник на Националната арена, за јавноста истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, после победата во гости на нашата селекција против Лихтенштајн од 0:3.
Спорт
Ова се стартните 11 на македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн

Почетните 11. на Македонија против Лихтенштајн
#НапредМакедонија 🇲🇰
#ГордиПодСонцето ☀️
#ХрабриВоСрцето 🇲🇰
Спорт
Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.
Преку социјалните мрежи ги повикуваат сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.
Цена на билетот: 200 денари
-
Македонија14 часа
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Кичево2 дена
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура17 часа
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Lifestyle2 дена
Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење
-
Магазин2 дена
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?