Следете не

Временска прогноза

Во најава пролетни температури од следната седмица со слаб до умерен ветер од западен правец..

Објавено пред

на

Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време. Ќе биде и НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО за овој период од годината, ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот во понеделник и тоа Долж Повардарието и во источните предели ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Краткотрајно зголемување на облачноста ќе има само во понеделник. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 4 степени, додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Во текот на следната недела во најтоплите предели температурата се очекува да се искачи и до 22 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Краткотрајно зголемување на облачноста ќе има во понеделник. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 17 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Инаку снежната покривка на планините и на Скијачките центри е значително намалена и сега истата на Попова Шапка изнесува околу 30 цм. Снежната покривка и понатаму ќе се намалува, со оглед на тоа дека температурите ќе бидат високи и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ.

За порта.мк пишува Славчо Попоски.

Временска прогноза

Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!

Објавено пред

на

До крајот на денов времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите остануваат ПРОЛЕТНИ и на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и до околу, па и малку над 20 степени.

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат попладнето и вечерта кога локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Врнежи од снег попладнето и вечерта ќе има само на највисоките планински предели (над 1800 м.н.в).

Во Скопје и околината исто така утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладнето и вечерта.

Потоа од среда па натаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво, сончево и ПРОЛЕТНО ТОПЛО време, кога температурите ќе се искачуваат до 23 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Периодот сè повеќе сонце со исклучок на овие денови..

Објавено пред

на

Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден и тоа поради продорот на ТОПЛА воздушна маса од југ.

Преку ден максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Преодно зголемување на облачноста ќе има во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда и на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно следува претежно стабилно и суво време.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време.

Пишува Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Следуваа стабилизација на времето, ова се последните метео детали..

Објавено пред

на

Ќе имаме стабилно и суво време преку ден, и тоа поради продорот на топла воздушна маса од југ. Наутро температурите сеуште и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат за неколку степени под нулата.

Преку ден температурите на многу места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели максималните температури ќе се искачуваат до околу 22 степени.

Зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд ќе има во вторник, особено попладнето и во текот на ноќта кон среда.

Во Скопје и околината исто така следува ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време со МНОГУ СОНЦЕ. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 15 и 18 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево24 минути

(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта

Во денешната акција дел од учениците од ООУ Др „Владимир Полежиноски“ од Кичево фрлаа цветни бомби низ градот и ги...

Скопје3 часа

(ВИДЕО+ФОТО) Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата...

Кичево3 часа

Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на излез од град Кичево према Македонски Брод на клучката кај с.Србјани. Од извори...

Спорт7 часа

Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на...

Lifestyle8 часа

Доаѓа пеколот, подгответе се: Научниците објавија водич за преживување на климатска катастрофа

Владите претходно се согласија да работат заедно за да се избегне пораст на глобалните температури од 1,5 Целзиусови степени. Но,...

Магазин8 часа

Apple подготвува уред со флексибилен екран – ќе има иновативна технологија

Веќе слушнавме информации дека Apple планира да влезе во пазарната трка во областа на уреди со флексибилен екран, а новиот...

Видео8 часа

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! (ВИДЕО)

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! Можете ли да откриете како девојката завршила на столот? Видеото собра повеќе...

Автомобили8 часа

Во зимски услови, опсегот на електрични автомобили опаѓа и до една третина

Растојанието што електричните автомобили можат да го поминат во зима со полна батерија е за една третина помалку од рекламираното,...

Магазин8 часа

Еве што Xbox Series X може да направи, а PlayStation 5 не може

Долго време се води дебата за тоа дали Xbox Series X е подобра конзола од Sony PlayStation 5. Колку и...

Магазин8 часа

Повеќе од 150 милиони корисници би можеле да останат без TikTok

Кинеската социјална мрежа TikTok објави дека има 150 милиони месечни активни корисници во САД, што е за 50 отсто повеќе...

НАЈЧИТАНИ