Кичево
Во недела ОВР Кичево апелира за времена забрана за движење поради „боево гаѓање“ во реон према стрелиштето во с.Осој – кичевско
Почитувани граѓани на Кичево и околината на ден 23.06.24 недела со цел безбедно изведување на боевото гаѓање со резервен состав на Полицијата при ОВР Кичево, во рамките на нивните активности ќе одржат боево гаѓање со пешадиско вооружување на гарнизонското стрелиште на АРМ кај с.Осој-Кичево, се известува месното население од населените места с.Осој, Кнежино, Раштани како и граѓаните на град Кичево, во временскиот период од 07:00 до 17:00 часот да не се упатуваат на стрелиштето или неговата околина, со цел напасување на стока и изведување било какви други работи, за јавноста преку нашиот медиум информираат од ОВР Кичево.
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Кичево1 денВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт22 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза1 денОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Култура8 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Магазин1 денВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
