Кичево
Во недела ОВР Кичево апелира за времена забрана за движење поради „боево гаѓање“ во реон према стрелиштето во с.Осој – кичевско
Почитувани граѓани на Кичево и околината на ден 23.06.24 недела со цел безбедно изведување на боевото гаѓање со резервен состав на Полицијата при ОВР Кичево, во рамките на нивните активности ќе одржат боево гаѓање со пешадиско вооружување на гарнизонското стрелиште на АРМ кај с.Осој-Кичево, се известува месното население од населените места с.Осој, Кнежино, Раштани како и граѓаните на град Кичево, во временскиот период од 07:00 до 17:00 часот да не се упатуваат на стрелиштето или неговата околина, со цел напасување на стока и изведување било какви други работи, за јавноста преку нашиот медиум информираат од ОВР Кичево.
Кичево
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
На 21.10.2024 во 11.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во Општа болница во Кичево, недостига ехо апарат, кој за време на ковид пандемијата во 2021 година во болницата бил дониран од Министерството за здравство.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, за медиумите информира портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
Во понеделник овие кичевски села поради работа на ЕВН „КЕЦ Кичево“ ќе бидат без електрична енергија
Како што информираат од ЕВН за нашиот медиум, поради зафати на електродистрибутивната мрежа во понеделник на ден 21.10.2024 г, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните кичевски села:
* с. Свињиште, Козица, Белица и ХПП Белица, с. Другово, Пополжани, Долно и Горно Добреноец, Видрани и Брждани (Од 10:30 до 13:30ч)
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
(ФОТО) Денес во „Check In“ кичевскиот ФК „Напредок“ доби промоција и нови дресови од „Евротип“ и „Gold Slot Club“
Денес како што најавивме под покровителство и спонзорство на најдобрите „Gold Slot Club“ и обложувалници „Евротип“ се организираше официјалната промоција на кичевскиот фудбалски клуб „Напредок“. Во одлична атмосфера покрај богатиот кетеринг и одличната музичка агенда на DJ Anonymous присутните и дел од вработените на овие експозитури имаа вистинска прилика да уживаат. Како што е познато, спонзорството се состои во спортска опрема – дресови.
На настанот присуствуваа претставници од маркетинг секторот на КС Групација во чиј состав влегуваат компаниите Голд Слот и Евротип. Присутните на настанот уживаа во пријатна атмосфера, а беа обезбедени и гратис пијалоци за сите. На настанот свое обраќање имаше и директорот на клубот. Голд Слот и Евротип како горди спонзори на ФК „Напредок“ не само што го поддржаа овој настан туку ќе продолжат и во иднина да бидат ветер во грб на самиот клуб.
На социјалните мрежи проследете ги на следните линкови:
„Gold Slot Club“: Facebook и Instagram
„Евротип“: Facebook и Instagram
Галерија:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (23 октомври)
-
Кичево1 ден
Во ЈЗУ Општа Болница Кичево недостигал ехо апарат, случајот бил пријавен во МВР
-
Lifestyle1 ден
Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?
-
Временска прогноза15 часа
До крајот на месецот стабилно време, но со ниски утрински температури и магла по котлините
-
Хороскоп25 минути
Хороскоп за четврток (24 октомври)
-
Македонија16 часа
Денес е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Автомобили12 часа
Големи промени за возачите: Екраните влегуваат во историјата?
-
Автомобили13 часа
BMW: Забраната за возила на бензин и дизел во ЕУ не е реална