Македонија
Во Охрид при преглед кај бугарин пронајдени два ножа
На 19.10.2022 во 11.00 часот во трговски центар „Амам“ на булеварот ,,Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.
При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје.
Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид.
Извор: СВР Охрид, портпарол Стефан Димоски
Македонија
На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари за Јован повторно да му се насмевне на видот. Му недостасуваат помалку од 4,000 евра за операција на окото, истата чини 5,500 евра.
Да го откажеме нашето кафе и да направиме добро дело, телефони во рака и дадете свој хуман придонес!
T-Mobile: 143-105
A1: 143-471
Мал гест за нас, огромна шанса за него да го види светот повторно.
Ајде сите по една порака!
Ајде за Јован!
Ајде да покажеме дека не забораваме!
Доколку некој не е во можност да донира 100 денари, нека ја сподели оваа објава
Македонија
Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево8 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево11 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза9 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија24 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија1 денПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
