Следете не

Македонија

Во Охрид приведен 70-годишник од Скопје, бил баран по потерница за во затвор

Објавено пред

на

На 21.05.2025 во 15.10 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.Б.(70) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторени повеќе кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Македонија

Возач од струшко возел пијан со 2,61 промил алкохол во крвта

Објавено пред

на

На 10.06.2025 во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Б. (60) од с.Пискупштина, струшко.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Расчистени четири кривични дела, поднесени пријави против четири физички и едно правно лице

Објавено пред

на

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Б.Т.(46) од Делчево, сопственичка на објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против З.Т.(49) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На 24.04.2025, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Делчево во соработка со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи извршиле контрола во објектот и од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека не ги исполнува во целост условите за заштита од пожари, односно се констатирани прекршоци по член 69 ,70, 74, 75 и 76 од Законот за заштита и спасување. Притоа, на одговорното лице му е даден рок од 30 денови да ги отстрани недостатоците и во тој период да не извршува угостителска дејност. При контролата, исто така, било констатирано дека пријавениот З.Т. во периодот од 09.03.2018 до 16.10.2019 го изградил објектот без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На 01.05.2025 повторно бил извршена контрола во објектот и било констатирано дека пријавената Б.Т. им дозволила на повеќе лица да престојуваат во објектот со што не се придржувала на забраната за вршење дејност од 30 дена изречена при претходната контрола.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање на јавен оглас за избор на директори на основно и средно училиште во Македонска Каменица.

Врз основа на приложените документи тие биле избрани за директори на училиштата, а по дополнителни проверки од Отсекот за компјутерски криминал Штип било констатирано дека нивните сертификати за познавање англиски јазик се фалсификувани, информираат од МВР за јавноста.

Прочитај повеќе...

Македонија

Бенизните остануваат со непроменета цена, додека Дизелот поскапува, ова е новата цена која ќе стапи на сила ноќеска

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.

Извор: РКЕ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за четврток (12 јуни)

ОВЕН Ова е еден од деновите кога Овенот мора да биде колку што можете повеќе трпелив. Веројатно ќе го започнете...

Здравје и убавина3 часа

Што сѐ знаеме за Јаболковиот оцет?

Јаболковиот оцет е популарен меѓу луѓето кои се стремат кон здрав животен стил, но привлекува внимание и кај научниците поради...

Спорт3 часа

(ВИДЕО) Аргентинецот Мастантуоно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, наскоро се очекува официјално претставување во кралскиот клуб

Франко Мастантуоно успешно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, а неговиот трансфер во еден од најголемите светски клубови – Реал...

Автомобили3 часа

„Audi“ го надградува своето „Q5“ семејство со нови „plug-in“ хибридни модели

Audi го проширува понудата на моделите Q5 со нови plug-in хибридни верзии. Покрај стандардните мотори со внатрешно согорување и MHEV...

Македонија14 часа

Возач од струшко возел пијан со 2,61 промил алкохол во крвта

На 10.06.2025 во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение...

Спорт1 ден

Албанија и Латвија одиграа без победник во натпревар од квалификациите за СП

Албанија и Латвија одиграа нерешено 1:1 во Рига во натпревар од квалификациите за Светското првенство, во истата група каде што...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (11 јуни)

Овен Нема причина да ги обвинувате другите за тековниот неуспех затоа што е можно грешките да се во вас, а...

Автомобили1 ден

(ВИДЕО) „Audi“ месецов ќе го претстави новиот модел на „Q3“

На 16 јуни, Audi ќе го претстави новиот модел Q3, со кој планира да постави нови стандарди во премиум компактниот...

Скопје1 ден

МВР: Млада охриѓанка вработена во скопско казино пронајдена без знаци на живот

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во...

Кичево2 дена

Жива е Македонија! Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ со оро ги развиорија македонските знамиња!

Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како основци. Тие...

НАЈЧИТАНИ