Кичево
Вечерва од 19:00ч да ја покажеме нашата хуманост и да присуствуваме на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски од Кичево!

За денес 05.04.2024 петок е закажан хуманитарниот концерт со почеток од 19:00ч, каде фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт за нашиот сограѓанин Владо Симјановски, за кој како што знаеме сеуште збираме донации за неговото лекување во болницата „Меморијал“ – Република Турција.
Истиот како што веќе знаеме ќе се одржи во Дом на Култура „Кочо Рацин“ – Кичево, затоа бидете дел и конечно да ја направиме оваа вечер финална за нашиот кичевчанец кој е на чекор до излекување на тешката болест!
Сите се добредојдени, да играме и да пееме за нашиот Владо, а воедно и да ги поддржиме нашите млади таленти. Исто така оваа прилика преку нашиот медиум кој како што знаете секогаш е на страната на хуманоста – ја користиме можноста да се заблагодариме на г-дин Мазлам Османи, директор на НЦУК „Кочо Рацин“ и сите вработени, хотел „Куќа на Уметноста“, Печатница „Лик“ и КУД „Младост“ кои несебично придонесоа за реализација на овој проект.
Додека ја читате оваа вест, одложете го вашето кафе и донирајте 100 денари преку македонските оператори
Донации повици преку мрежата на „Телеком“ и „А1 Македонија“ , еден повик – „100 денари“
Телеком ☎️: 143 – 414
А1 ☎️: 143 – 666
Донации преку трансакциска сметка за Македонија
Име на банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Број: 300017025428784
Име/Презиме: Владо Симјановски
Донации преку девизна сметка за странство
Fist Name/Last name: Slavica Avramoska
Address: s.Tuin – Kichevo
Acc no: 0230706863422
IBAN Code: MK07300307068634267
BIC/SWIFT Code: KOBSMK2XOHB
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Кичево
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, 1 возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, 2 возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, 1 возач кој управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, 1 возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени два мотори по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.
Кичево
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на нашата Православна црква „Св.Апостоли Петар и Павле“, со тоа што по 11-ти пат, односно 11 години по ред – ќе се одржи мирна мото-парада или мото дефиле низ кичевските улици.
Настанот ќе се реализира во сабота 12.07.25 со почеток од 19:00 часот од „Полигон“ во непосредна близина на „Железничката станица“, а завршната рута е предвидена пред самиот храм.
- Оваа година овој мото-марш ќе биде посветен за „Димитар Трајчески – Дидо“, страстен поддржувач на петровденската мото-парада и учесник во сите години наназад. Реши да не чува од небесата и од таму да биде блиску до срцата наши! Токму ова дефиле ќе биде посветено за него, бидејќи мото собирите заедно со другарчињата за него беа среќа!
На крај, закажано е заедничко кафе-дружење и групна фотографија во „City Caffe“ каде домаќините ќе го резервираат паркинг просторот како и место во самиот локал за сите гости.
Да ја покажеме нашата мото и сообраќајна култура, се вози според пропишаните сообраќајни знаци, додека предводници за безбедност во сообраќајот ќе бидат полициски службеници од ОВР Кичево.
Повторно кичевчани ќе имаат прилика да го проследат продефилирањето на разновидните мотоцикли низ нашиот град, како симбол и најава за големиот празник во чест на нашата православна црква! Бидете дел и заеднички со спектакуларниот мото звук да искажеме почит кон нашите светители и кичевскиот храм, заштитник на нашиот град!
- Имено, оваа прилика ја користиме да ја известиме јавноста дека Кичевското архиерејско намесништво, за претстојниот храмов празник (патронатот на храмот и градот Кичево) посветен на светите апостоли Петар и Павле, дава благослов да се вклучат жителите и верниците на Кичево и околината, оние кои се во можност, при помош за чистење на храмот, а притоа со тоа да придонесат за чист храм по повод патронатот свети апостоли Петар и Павле, слично како што и нашите предци тоа го извршувале низ вековите.
Оваа акција ќе се одржи утре 09.07.2025 година (среда) со почеток од 09:00 часот. Тие кои сакаат и можат да бидат дел од овој вид на помош се остава на нивната слободна волја и ревност
Вечна традиција, бидете дел!
Во прилог ланската мото-парада, лето господово 2024г.
Кичево
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило. Самопослужната автоперална „Fi-Go“ е отворена и нуди практична услуга за чистење на автомобилот во секое време – благодарение на работното време 24/7, и се наоѓа на локацијата ТУКА
Што нуди „Fi-Go“?
-
Пена: 30 секунди за 10 денари – за ефикасно нанесување на средство за чистење и отстранување нечистотии.
-
Вода: 60 секунди за 10 денари – за темелно испирање на возилото.
-
Правосмукалка: 45 секунди за 10 денари – за брзо и прецизно чистење на ентериерот.
Начини на плаќање
Плаќањето е лесно и достапно за сите – се прифаќаат монети, книжни пари.
Зошто да ја изберете „Fi-Go“?
-
Брзина: За само 10 минути можете целосно да го освежите автомобилот.
-
Флексибилност: Работи 24 часа, секој ден во неделата.
-
Едноставност: Лесно ракување со апаратите и брза услуга.
Ако сакате вашето возило секогаш да биде чисто без да трошите многу време и пари, „Fi-Go“ во Кичево е идеалниот избор. Посетете ја и уверете се во квалитетот на услугата!
-
Кичево16 часа
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Временска прогноза1 ден
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Временска прогноза2 дена
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!
-
Македонија12 часа
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Скопје1 ден
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Скопје9 часа
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар